fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

ЕУ одобри одложување на брекситот до 22 мај

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ синоќа во Брисел постигнаа договор излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, односно брекситот, да биде поместен од 29 март на 22 мај. Тоа ќе се случи само ако британскиот парламент исто така го прифати овој договор кој треба да го брани премиерката Тереза Меј, . Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што...

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за проблемот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ,...

По пропаѓањето на договорот со ЕУ за Брексит, денеска се гласа доверба на владата на Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј денеска се соочува со гласање доверба во Парламентот по синоќешниот пораз на нејзиниот предлог за Брексит, односно договорот со ЕУ за регулирање на меѓусебните однос по излегувањето на Велика Британија од европската заедница. Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија...

Заев – Данкан: Бојкотот на референдумот е бојкот на иднината на државата

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан констатирале, како што соопштија од Владата, дека секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата. Според Владата, Данкан го поддржал процесот на интеграции на Македонија и охрабри земјава да ги оствари стратешките цели, што е важно...

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан утре во Македонија

Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров. Сер Алан Данкан и Димитров, како што...

Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Обединетото Кралство и Саудиска Арабија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија. Како што соопшти кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот британски амбасадор Рејчел Галовеј, претседателот Иванов оценил дека постои...

Имате поддршка и пријателство од Велика Британија, му пиша Џонсон на Димитров

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, со писмо му ја честиташе на својот македонски колега Никола Димитров 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Тој ја потврди поддршката и пријателството од Велика Британија и изрази надеж дека партнерството на двете држави ќе биде уште посилно во наредните години. „Среќен сум што имам можност да одбележам...

Јулија Скрипал се освестила и почнала да зборува

Здравствената состојба на Јулија Скрипал брзо се подобрува, соопшти синоќа болницата каде што е сместена ќерката на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал. - Состојбата на Јулија брзо се подобрува и таа веќе не е во критична состојба - соопштија од болницата додавајќи дека нејзиниот татко е во „критична, но стабилна состојба“. Извори за Би-би-си тврдат дека Јулија е свесна и...

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и...

Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари

Британската премиерка, Тереза Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Британија се обидува повторно да се наметне како глобален трговски играч, по одлуката да го напушти членството во Европската Унија, а Кина е на врвот на листата на држави со кои Лондон сака да има договор за слободна трговија, коментираат агенциите. Говорејќи во Шангај, Меј...

ЕУ и нуди на Британија „транзициски статус-кво“ без право на глас

Европската Унија денеска се одлучи да и понуди на Велика Британија 21-месечен транзиционен период по Брексит, односно по излегување на земјата од Унијата, за време на кој ќе се задржи „статус-кво“ во нејзиното членство, но без можност за гласање. На министрите на ЕУ им требаа две минyти сите да го поддржат заедничкиот став, чиј нацрт го претставија бриселските функционери, напиша на...

Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане членка

Европската Унија е отворена за можноста дека Велика Британија ќе го промени ставот за Брексит и ќе остане дел од Унијата, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Европскиот парламент. Туск изјави дека доколку владата на Велика Британија остане на својата одлука да ја напушти ЕУ, Брексит со сите свои негативни последици ќе стане реалност во март 2019 година. -Се...

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на самитот во Лондон е...

Британските власти и дозволиле на „Гама Груп“ да ѝ продаде опрема за следење на Македонија

Владата на Велика Британија пред пет години ѝ дала дозвола на контроверзната британска компанија „Гама Груп“ да  ѝ испорача на Македонија софистицирана опрема за следење на комуникации, се вели во текстот на новинарката Тена Прелец за „Ал Џезеира“. Текстот се повикува на документи добиени од британското Министерство за надворешни работи, преку слободен пристап до информации, кои покажуваат дека властите во Велика Британија ѝ...

Затворена американската база во Британија поради безбедносен инцидент

Британската полиција уапси маж кој со автомобил се обидел да влета во американската воздухопловна база на истокот на Англија. Станува збор за американската база „Милденхол“ во Сафок, која била затворена по „безбедносниот инцидент“. Репортерот на „Скај њуз“ наведува дека во Министерството за одбрана во Лондон е соопштено дека имало „расправија на капијата на базата“.

Туск: Има напредок со Британија околу прашањето за Ирска

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ се доближуваат до напредок во врска со прашањето на статусот на границата со Ирска. Туск на „Твитер“ наведе дека е охрабрен од разговорите со премиерот на Ирска и дека е остварен напредок за декемврискиот самит на ЕУ. Преговарачот на Европскиот парламент, Ги Верхофстат, рече дека во...

Пресуден ден за преговорите за Брексит – Меј доаѓа во Брисел

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на пресудни разговори за состојбата на преговарачкиот процес за излегувањето на Британија од Европската Унија, а исходот од состанокот би можел да ги одреди условите под кои ќе се случи тоа. Меј ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во надеж дека...

Оставката на Мугабе е шанса за слобода, оцени Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска оцени дека оставката на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, е шанса земјата да тргне по нов пат без репресии. - Оставката на Мугабе дава шанса Зимбабве да тргне по нов пат, без притисоци и репресии кои го карактеризираа неговото владеење – рече Меј. Меј вели дека изминатите денови се гледала желбата на народот на Зимбабве да распише...

Меј ја обвини Москва за мешање во британските избори

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј ја обвини Москва дека се мешала во британските парламентарни избори, што се одржаа на почетокот на јуни, оваа година и дека вршела кибер-шпионажа, пренесува „Би-би-си“. Во обраќање пред бизнисмените на собир во Лондон, Меј рекла дека владата на рускиот претседател, Владимир Путин се обидува да ги „поткопа слободните општества“. Меј истакнала дека Русија...

Четириесет пратеници од редовите на Ториевците се против Меј

Четириесет пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј одлучија да потпишат писмо во кое се наведува дека не ја поддржуваат британската премиерка. По вонредните избори од 8 јуни, Меј се бори да го сочува авторитетот во партијата. Како што јавува весникот „Сандеј тајмс“, потребно е уште осум конзервативци да им се приклучат на 40 пратеници за да се покрене постапка...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...