fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 „Синофарм“ донација од кинеската армија, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска треба да пристигнат близу 40.000 вакцини „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, а утре 100.000 од „Синофарм“ како донација од кинеската армија. Според Филипче, вакцинацијата оди добро, вакцинирани се 150.000 а ревакцинирани 30.000 граѓани. Министерот информираше дека има пријавено нови 9.000 граѓани кои се над 70 години и со нивната вакцинација, процентот на вакцинирани од...

Во САД вакцинираните повеќе не мора да носат маски

Граѓаните вакцинирани против корона вирус повеќе не мора да носат маски на отворено, според одлуката на главниот здравствен авторитет, Центарот за контрола и спречување на болестите (ЦДЦ), пандан на македонскиот Институт за јавно здравје. „Целосно вакцинираните лица (со сите примени дози), може да продолжат со активностите што ги правеле и пред пандемијата, без да носат маска или да одржуваат растојание,...

Интересот за вакцини се зголемува, вчера се вакцинирале 14.976 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерство за здравство. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани. „На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале...

Филипче: До крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет

Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Се направи пресек на 30 април - сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160.000, во период од две недели, значи некаде до 15 мај...

Вацинирани или ревакцинирани вчера биле 11.857 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а ревакцинирани биле 1.012, односно вкупната бројка на луѓето граѓани што вчера примиле доза од вакцините против ковид-19 изнесува 11.857 граѓани. На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани, односно вкупно се дадени 130.878 дози вакцини. Со последните бројки околу 30 отсто од...

По САД, и ЕУ најавува поддршка за отстранување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен порача дека Европската Унија е подготвена да разговара за предлогот да се укине заштитата на интелектуалната сопственост врз вакцините против ковид-19, објави Гласот на Америка. Најавата стигна откако администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, навести дека би поддржал таква варијанта. Вчера, претставничката на САД во Светската трговска организација (СТО) Кетрин Таи...

Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“, односно онаа која била достапна кога нему му дошол редот, согласно Националниот план за имунизација. Заев рече дека се чувствува одлично и ќе ја продолжи дневната работна агенда и денеска во попладневните часови. „Со вакцините кои пристигнаа минатата недела и сите договорени и потврдени вакцини кои ќе пристигнат следниот период,...

Меѓународниот фармацевтски сојуз е против укинувањето на патентите за вакцините, предложено од Бајден

Меѓународниот сојуз на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА) реагираше на поддршката на американскиот претседател Џо Бајден за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против ковид-19, прогласувајќи ја за „погрешен одговор“ на комплексен проблем. „Отфрлањето на патентите за вакцината против ковид-19 нема да го зголеми производството или да донесе практични решенија за борба против глобалната здравствена криза. Напротив, тоа...

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани, а вкупно до сега 74.076

Министерство за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. -На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки...

Пристигнаа 4.850 вакцини „Фајзер“ од вкупно 19.890 предвидени како помош од ЕУ

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, во рамки на посетата на нашата земја по повод пристигнувањето на првите вакцини против ковид-19, споделени и финансирани од Европската Унија, го посетија вакциналниот пункт во...

Фајзер и Бионтек поднесоа барање до ЕМА за одобрување на нивната вакцина за деца од 12 до 15 години

Фајзер и Бионтек потврдија дека до Европската агенција за лекови (ЕМА) поднеле барање за проширување на примената на нивната вакцина против корона вирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години. Компаниите претходно овој месец поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД, а вакцината е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години...

Филипче: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер на набавка на вакцини идниот период

Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во посета на Србија каде што се сретна со српскиот министер за здравство Златибор Лончар. На средбата било разговарано за повеќе прашања поврзани со пандемијата, како и взаемната соработка помеѓу двете држави при процесот на надминување на коронавирусот во двете земји. „Дозволете да изразам благодарност на тоа што Србија ширум ни ги отвори...

Првите дози од вакцините на „Фајзер/Бионтек“ обезбедени преку ЕУ ќе пристигнат во мај

Првите дози на вакцините од „Фајзер/Бионтек“ за земјите од Западен Балкан, обезбедени преку механизмот на ЕУ и Австрија, ќе пристигнат во текот на мај, а испораката на останатите количини ќе продолжи до август, соопшти Европската комисија. ЕК ја потврди информацијата објавена од Австрија дека до крајот на август ќе испорача 651.000 дози на вакцини. Северна Македонија преку овој механизам...

Стапува на сила трипартитниот договор со Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 вакцини

По најавата од Европската комисија во декември минатата година за обезбедување на механизам за распределба на вакцини за земјите од Западниот Балкан преку репрограмирање на ИПА-средства во износ од 70 милиони евра, Секретаријатот за европски прашања информира дека денеска стапува на сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 119.600 дози вакцини против ковид-19. „Им благодариме...

Филипче најави стратешка соработка со српскиот Институт „Торлак“ за набавка на вакцини за понатаму

Иако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Северна Македонија нема да набави руски вакцини „Спутник В“ од српско производство, тој денеска рече дека во вторник ќе замине во официјална посета на Белград каде што ќе се сретне со министерот за здравство Златибор Лончар и директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. „Ќе имаме разговор за...

Словенија ќе дозволи влез и на лица кои се вакцинирани со „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“

Словенија ќе дозволи влез на лица кои се вакцинирани со „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“, под услов да поминале најмалку 21 ден од првата доза, објави новинската агенција СТА. Претходно, влез без карантин или бесплатен ПЦР-тест важеше за луѓето кои се вакцинирани со „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ или „АстраЗенека“. На владината седница е одлучено, исто така, времето на транзит низ Словенија да...

Филипче најави 200.000 кинески вакцини кои ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на 28 април ќе пристигнат 200.000 вакцини од брендот „Синофарм“ од Кина. Исто така, на 19 и на 26 април треба да пристигнат по 10.000 дози од „Фајзер/Бионтек“. Сè со цел, вакцинацијата да се одвива низ целата држава тој ќе има состанок со градоначалниците и директорите на здравствените домови во Куманово, Битола, Штип,...

Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ кои ќе стигнат на 19 и 26 април

Министерот за здравство Венко Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер“ кои на 19 и на 26 април по 10.000 вакцини треба да пристигнат во државата. Најголема количина се очекува од Кина, од каде што треба да пристигнат 200.000 вакцини, и тие според Филипче ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Тој информираше дека по средбата со...

Заев очекува до крајот на месецот да пристигнат 300.000 вакцини

Со повеќе од 300.000 вакцини очекуваме да го завршиме месецот, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата која ја одржа со министерот за финансии, Фатмир Бесими. „Очекуваме да стигнат првите вакцини од 651.000 од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната...

Вистиномер: Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

Tестирањето за ковид-19 не вклучува собирање примероци од крв, како што се тврди во постот на Фејсбук. ПЦР тестот се прави со земање брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв. ПЦР тестот, со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена...

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...