Џо Бајден / Фото: The White House -Wikimedia Commons

Граѓаните вакцинирани против корона вирус повеќе не мора да носат маски на отворено, според одлуката на главниот здравствен авторитет, Центарот за контрола и спречување на болестите (ЦДЦ), пандан на македонскиот Институт за јавно здравје.

„Целосно вакцинираните лица (со сите примени дози), може да продолжат со активностите што ги правеле и пред пандемијата, без да носат маска или да одржуваат растојание, освен онаму каде што тоа го налагаат сојузните, државните, локални, племенските или територијалните закони, правилници и регулативи, вклучително и локалните бизниси и на работнтие места“, објави пред неколку часа ЦДЦ на својата веб-страница.

Новото упатство сè уште повикува на носење маски во преполни затворени простории, како автобуси, авиони, возови и на аеродроми и други транзитни центри, и на места како болници и лекарски ординации.

„Денеска е голем ден за Америка во нашата долга борба против коронвирусот“, изјави американскиот претседател Џо Бајден, по донесувањето на новите правила од страна на ЦДЦ за укинување на обврската за носење маска за вакцинираните граѓани. Бајден предупреди дека неносењето маски важи само за оние кои примиле две дози, односно се целосно имунизирани.Претседателот на САД посочи и дека бројот на случаи на коронавирус се намалил во 49 од 50 сојузни држави, бројот на починати од Ковид-19 е на најниско ниво од април ланската година.