fbpx

Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

-

Премиерот Зоран Заев денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“, односно онаа која била достапна кога нему му дошол редот, согласно Националниот план за имунизација. Заев рече дека се чувствува одлично и ќе ја продолжи дневната работна агенда и денеска во попладневните часови.

„Со вакцините кои пристигнаа минатата недела и сите договорени и потврдени вакцини кои ќе пристигнат следниот период, верувам дека до почетокот на летото, ќе имаме висок процент на вакцинирано население, што ќе придонесе за менување на епидемиолошката слика“, изјави Заев.

Тој ги охрабри граѓаните да се пријават за вакцинација, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбедни ефикасен начин на заштита од ковид-19.

Заев рече дека вакцините се безбедни и проверени и колку побрзо ќе се заврши со имунизацијата толку побрза ќе се победи пандемијата. Но, важно е, рече тој, масовното учество за да се смени епидемиолошката слика и да се постигне колективен имунитет. Заев најави отворање на уште два регионални пункта за вакцини во Велес и во Прилеп.

Во однос на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата се обидела по двојно поскапа цена да набави вакцини од Кина, Заев рече дека цените за набавка на вакцини се познати секаде во светот и дека тоа што тие го платиле е во корелација со цените во околните земји и Европа. Очекува дека на есен, вакцините ќе поевтинат, а најави и можност за декласификација на информациите поврзани со набавката на вакцини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...