fbpx
Таг: Синофарм

таг: Синофарм

Вистиномер: Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ за процентите на вакцинирани граѓани со различните вакцини и информации каде во европските земји може да патуваат граѓаните што примиле една од двете кинески вакцини или руската „Спутник В“: Македонските здравствени власти неодамна објавија дека секој граѓанин, без разлика на возраста, може да се пријави да прими трета доза од вакцината против ковид,...

Вакцинираните со кинеските вакцини, трета доза може да добијат најрано по три месеци од ревакцината

Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на кинеските производители Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин, на кој било вакцинален пункт во државата. За...

Министерот Спасовски се вакцинираше против ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се вакцинираше против ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“, во Вакционалниот пункт во Куманово. „Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест,“ изјави Спасовски. Министерот изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат...

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 „Синофарм“ донација од кинеската армија, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска треба да пристигнат близу 40.000 вакцини „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, а утре 100.000 од „Синофарм“ како донација од кинеската армија. Според Филипче, вакцинацијата оди добро, вакцинирани се 150.000 а ревакцинирани 30.000 граѓани. Министерот информираше дека има пријавено нови 9.000 граѓани кои се над 70 години и со нивната вакцинација, процентот на вакцинирани од...

Денеска 10.000 нови дози вакцини на „Фајзер“, во сабота 100.000 вакцини „Синофарм“ од кинеската армија

Вакцинацијата во земјава се одвива добро, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од кои 23.000 се граѓани се ревакцинирани со втора доза. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој дополни дека денеска пристигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“. Половина од нив се од директниот договор со производителот, а другата половина преку солидарниот фонд на Европската Унија...

Филипче се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“. Тој изјави дека вакцината долго ја чекавме, и тоа е значаен фактор кој ќе влијае да се смени пандемијата насекаде. Филипче апелираше до граѓаните сите да се вакцинираат, бидејќи несаканите ефекти се мали, а има точни контраиндикации за возрасни групи или некои специфична категориjа на граѓани. Во наредните 10 до...

Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“, односно онаа која била достапна кога нему му дошол редот, согласно Националниот план за имунизација. Заев рече дека се чувствува одлично и ќе ја продолжи дневната работна агенда и денеска во попладневните часови. „Со вакцините кои пристигнаа минатата недела и сите договорени и потврдени вакцини кои ќе пристигнат следниот период,...

Утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцини од Синофарм, од вторник започнува масовна имунизација низ целата држава

Рано утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцините на Синофарм, обезбедени во директни преговори со производителот. Со овие вакцини ќе се овозможи масовна имунизација на населението, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој ја најави престојната имунизација од вторник, веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата. Вакцините ќе бидат сместени во ладната соба во...

Филипче: Вакцинацијата со „Синофарм“ ќе започне по Велигден, а во мај се очекуваат уште 26.000 дози на „Фајзер/Бионтек“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека според информациите кои ги добил од компанијата „Фајзер/Бионтек“, во мај се очекува да пристигнат 26.000 дози од нивната вакцина, при што количества од по 5.000 до 7.000 дози ќе се испорачуваат секој понеделник. Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во...

Македонскиот државен врв ургираше за вакцините кај кинескиот министер за одбрана

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“. „Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија“, објави...

Авансот за „Синофарм“ повлечен, надлежните уверуваат дека кинеските вакцини набргу ќе стасаат

Во гостување на Канал 5 телевизија, министерот за здравство Венко Филипче објави дека авансот за кинеската вакцина „Синофарм“ од која требаше да пристигнат 200.000 дози до крајот на февруари, е повлечен „за наша сигурност“. Според него и покрај тоа што авансот е повлечен, вакцините набргу ќе стасаат во земјава. „Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од...

Филипче го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од кинески „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Од Министерството за здравство велат дека точниот датум на пристигање и сите други информации ќе се знаат деновиве. „Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност,...

Пановски: Ако утре стаса кинеска вакцина, прв ќе се вакцинирам

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се разгледува можноста и за набавка на кинески вакцини, на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, иако во меѓувреме, државата не се откажува од фајзеровите вакцини кои треба да се обезбедат преку ковакс механизмот. За кинеските вакцини се размислува по доцнењето на испораката на вакцините на „Фајзер“. Професорот од Медицинскиот факултет Никола Пановски, вели дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...