fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Утре ќе пристигнат 100.000 вакцини „Фајзер“, а во недела 500.000 „Синовак“, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 500.000 вакцини на „Синовак“ ќе пристигнат во недела, со по 250.000 дози во два авиони. Утре пак, се очекуваат 100.000 дози од „Фајзер“, преку Ковакс-механизмот. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, и откако ќе се добие дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата...

Вистиномер: ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека...

МЗ: Вчера се ставени 7.202 вакцини, од нив 2.683 се прва доза

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 7.202 граѓани. Во државата вкупно се ставени 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани, односно бројот на...

МЗ: Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. „На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно...

Вчера биле вакцинирани 5.611 граѓани, прва доза примиле 3.606

Министерството за здравство информира дека а вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Во државата вкупно досега се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се...

Вчера пристигнаа 12.870 дози на „Фајзер“, а денеска се очекуваат 20.000 вакцини „АстраЗенека“

Министерството за здравство информира дека вчера пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Во текот на денешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „АстраЗенека“. „Оваа донација...

МЗ: Вкупно ревакцинирани над 177.000 граѓани

Во државата вкупно се дадени 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани, соопшти Министерството за здравство. „На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани“, додаваат оттаму. Според анализите на МЗ, со последните бројки со барем една доза вакцина се вакцинирани: 48%...

Вистиномер: Руската вакцина „Спутник В“ нема магнетизирачки компоненти

Видео со лажно тврдење дека после вакцината со „Спутник В“ рамото на некоја скопјанка станало магнетизирачко е објавено на социјални мрежи, а од таму завршува како сензационалистичка вест на фејсбук фан страната на угледен медиум. Вакви тренд видеа станаа хит во последните недели во светот, а истражувањето покажува дека станува збор за трикови со антиваксерска или забавна содржина, пишува...

Пристигна 30.000 кинески вакцини „Синовак“, донација од Турција

Министерот за здравство информираше дека денеска пристигаа 30.000 кинески вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. „Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сè, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата,“...

Филипче: Ревакцинацијата на македонските граѓани во Србија најверојатно ќе биде во Ниш и во Врање

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово со слушнал со српскиот министер за здравство Златибор Лончар со кој договориле да се организира ревакцинирање на македонските граѓани некаде поблиску, односно Ниш или Врање. Најголем дел од граѓаните, треба да се ревакцинираат од 17 до 20 јуни, но детали каде ќе биде нивното ревакцинирање ќе бидат соопштени следните денови. Според Филипче,...

МЗ: Вчера се аплицирани 6.521 вакцини, прва доза примиле 2.249 граѓани

Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно...

МЗ: Започна вакцинацијата на хронично болните пациенти на возраст до 40 години

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, на вакциналните пунктови во државата ќе се вакцинираат сите хронично болни пациенти и пациенти со ризик од ковид-19, коишто се на возраст од 20 до 40 години, а се пријавиле за вакцинација до 30 април. „Опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи...

Филипче: Неделава ќе пристигнат 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција

Неделава се очекува да стигнат вакцини од Бугарија и од Грција, а кинеските Синовак, сѐ уште не се знае кога ќе пристигнат во земјава. Ќе има доволни количества вакцини за да продолжи со масовната вакцинација против ковид-19. Во моментов само уште 5.000 вакцини се  наменети за граѓаните кои треба да ја примат првата доза, а останатите ќе бидат за...

Вистиномер: Не, во вакцините нема чип со кој се следи каде сте во реално време

„Вистиномер“ анализираше уште еден од редицата постови на социјалните мрежи кои тврдат дека со вакцините луѓето се чипуваат за да бидат контролирани. Во случајот, станува збор за тврдење дека тоа се прави преку руската вакцина „Спутник В“, што е преседан, оти досега се зборуваше дека „чипувањето“ се прави преку „западните“ вакцини, како „Бионтек/Фајзер“, „Астра Зенека“, „Модерна“ и други. Анализата на...

МЗ: Вчера се дадени 10.221 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ). На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно...

Филипче: Бидете амбасадори на имунизацијата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање до граѓани порача дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот - вакцината. „Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“, порача тој. Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот...

Филипче: На почетокот на јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс механизмот

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 500.000 кинески вакцини „Синовак“ се очекуваат да пристигнат на почетокот на јуни, како и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс. Во меѓувреме, секој понеделник ќе пристигнуваат по 10.000 вакцини „Фајзер“ како резултат на директниот договор помеѓу државата и компанијата. Руските вакцини „Спутник V“ се очекуваат да пристигнат до крајот на месецот, но сè уште не...

Кинеската армија донираше 100.000 вакцини од „Синофарм“ за македонските граѓани

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. Донацијата  ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски. Донацијата следува по средбата на министерката Шекеринска со кинескиот министер за...

Вакцинирани 203.324, а заинтересирани 346.431 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерство за здравство. „Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани, а вчера вкупно...

Најавените 38.400 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот пристигнаа синоќа на скопскиот аеродром

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека синоќа пристигнале 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“ кои се обезбедени преку Ковакс механизмот. „Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил. Денеска се очекува и пристигнување на 100.000 дози „Синофарм“, донација од кинеската армија.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...