fbpx
Таг: управување со отпад

таг: управување со отпад

Со нови контејнери во Скопје, годинава ќе се зголемува селекцијата на стаклениот отпад за 20 отсто

Нови 60 садови за одлагање на стаклена амбалажа ќе бидат поставени во скопските општини Гази Баба и Аеродром, со цел преку зајакнатата отпадна инфраструктура да се дејствува кон подигање на свеста на граѓаните за рециклирање на стаклото како амбалажен материјал и за ангажирање на експерти што ќе создадат соодветен модел за рециклажа на стакло што во иднина ќе биде...

Скопски Аеродром по теркот на Љубљана сака да ја одржува јавната хигиена во општината

Пунктови за собирање на кабаст отпад, канти за селекција на отпадот во секое домаќинство, машина за компостирање на органски отпад, вендинг машини што ќе се постават низ општината и редовно чистење на локациите се активностите што планираат да ги преземат општинските власти од Аеродром за решавање на проблемот за управување со отпадот. Тие велат дека ќе воведат европска методологија...

Тендерската постапка започната, до крајот на годинава ќе се знае кој ќе ја гради регионалната депонија во Мечкуевци

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека веќе е започната тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион во земјава. Регионалната депонија, каде всушност ќе се преработува 65 отсто од целокупниот отпад собран во 18-те општини од двата региона, ќе...

Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Завршен е изборот на двете компании што ќе го вршат надзорот и претстојниов месец ќе започне чистењето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во 18-те општини од овој дел на земјава ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински...

Општина Свети Николе се согласи на формирање на меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад

Со меѓусебни расправии и обвинувања меѓу власта и опозицијата, со девет гласа „за“ и шест „против“, Советот на општина Свети Николе на последната седница ја донесе одлуката за формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Ова идно претпријатие треба да биде со седиште во Општина Свети Николе, каде што ќе треба да се гради идниот...

Ќе се бара заем од над 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии во пет региони од земјава

На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на почетокот на февруари го одобрила започнувањето на постапката за обезбедување на заем од меѓународните финансиски институции за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. За оваа цел, ќе бидат неопходни над 55,3 милиони евра, со кои ќе може...

Ревизорите потврдија: Пластиката не се селектира, погоните за рециклирање мора да увезуваат отпад

Диви депонии на секое ќоше, преполни контејнери со отпад по населбите, рекордни количества на создаден отпад на национално ниво. И покрај ваквата состојба со отпадот во Македонија, инсталациите за рециклирање на пластичен отпад во земјава мораат да увезуваат отпадна пластика од странство за да обезбедат ефикасно работење во третманот и преработката на пластичниот отпад. „Од страна на надлежните институции на...

Владата ги задолжи министерствата да обезбедат средства за регионалните системи за управување со отпад

Владата на вчерашната седница ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион, информираат од владината прес-служба. На владината седница била разгледана и усвоена Информацијата за...

УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион

Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни ѓубришта во регионот, а просторот соодветно да го исчистат и...

Потребно е час поскоро да се донесат законите за управување со отпадот

За да се избегнат минатогодишните критики од Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2021 година, државните власти ќе мора да го забрзаат донесувањето на законите за управување на отпадот. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги најави пред околу еден месец, додека Владата на седницата на 22 декември 2020 ги утврди текстовите...

Годинава ќе почне чистењето на сите несоодветни депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Чистењето и затворањето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион на земјава ќе чини 9 милиони евра. Со овие финансиски средства ќе се чисти натрупаното ѓубре на нестандардните депонии од јавните комунални претпријатија, како и фрлањето на отпадот од несовесните граѓани на забранети локации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека избрани...

Македонија, отпадот и депониите во 2030 година: Граѓаните ќе мора да тргнат од себеси за промени [инфографик+фото]

Вообичаено утро во пекара во Скопје. Две четвртини бурек и две чашки јогурт, ѝ вели купувачот Томе на продавачката. Тој излегол да купи доручек за своето семејство, но заборавил со себе да земе платнена торба. И да ја зел со себе, продавачката сепак ќе се изненади дека Томе ѝ нуди торба за да го стави бурекот и одговара дека...

Ако има волја од општините и притисок од државата, првата регионална депонија ќе почне да се гради во 2021

Уште неколку важни активности треба да се спроведат, како би можело во 2021 година да отпочне постапката за изградба на првата современа регионална депонија во земјава за Источниот и Североисточниот плански регион. Првиот чекор што треба да се комплетира од сите општини во овие два региона е општинските совети да ја донесат одлуката за формирање на Јавното Меѓу-регионално претпријатие...

Во Полог при крај е формирањето заедничко јавно претпријатие за управување на отпадот

При крај е процесот на основање на заедничкото јавно претпријатие (ЈПЕ) Русино за управување со отпадот во Полошкиот плански регион. Советите на општините во овој регион назначија членови на управниот одбор на ова претпријатие и првиот конститутивен состанок ќе се одржи денес, информираат од Центарот за развој на полошкиот плански регион. „Новоназначените членови се очекува да го усвојат статутот на...

Владата предлага измени на законите за поефикасно управување со отпадот по ЕУ стандарди

Владата на вчерашната седница ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на...

Во владина постапка е сет од шест закони за управување со отпадот, наскоро ќе се пратат во Собрание

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска информираше дека неговото министерство веќе изработило сетот на шест нови закони за управување со отпадот, со кои комплетно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот. Предлог законите се веќе во владина постапка и во најкус можен рок ќе бидат испратени во Собранието, информираат од владата. Суштинските...

Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата

Европската полиција „Европол“, преку акцијата „Ретровирус“ во која биле вклучени 30 европски држави, меѓу кои и Северна Македонија, спровела речиси 280.000 инспекции на медицински отпад, при што се приведени 102 лица за криминален третман на отпадот од борбата со ковид-19 пандемијата. Покрај приведените лица, во акцијата на европско ниво биле покренати административни санкции за повеќе од 819 правни и физички...

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме [инфографик]

Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на жител, што е рекордна...

Регионалните депонии никако да заживеат, критики од Европската комисија, Владата трага по финансии

За управувањето со отпадот и оваа година добивме критики во Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја кон ЕУ. Во однос на управувањето со отпадот, од ЕК критикуваат дека законите за управање со отпад сè уште не се донесени. „Процесот на воспоставување на интегриран регионален систем за управување со отпад продолжува да се соочува со одложувања како резултат...

Сè повеќе инвестиции во управувањето со отпадни води, потребни се уште за да имаме чисти води (инфографик)

Инвестициите во управување со отпадните води во земјава постепено растат во изминативе години, но еколозите и невладините организации посочуваат дека се потребни многу повеќе во наредниот период за да имаме чисти речни и езерски води кои ќе овозможат враќање на изумрениот биодиверзитет, дозвола за капење на граѓаните и можност за наводнување на земјоделските површини. Според податоците на Државниот завод за...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...