fbpx

Скопски Аеродром по теркот на Љубљана сака да ја одржува јавната хигиена во општината

-

Пунктови за собирање на кабаст отпад, канти за селекција на отпадот во секое домаќинство, машина за компостирање на органски отпад, вендинг машини што ќе се постават низ општината и редовно чистење на локациите се активностите што планираат да ги преземат општинските власти од Аеродром за решавање на проблемот за управување со отпадот. Тие велат дека ќе воведат европска методологија за одржување на јавната хигиена.

„По теркот на градот Љубљана и јавното претпријатие „Снага“, воведуваме нова европска методологија за одржување на јавната хигиена во Општина Аеродром. Ние сме прва општина во државата и во регионот што имплементира ваква практика и не случајно е избран градот Љубљана како пример, со оглед на фактот што тој веќе неколку години е прогласен за зелена престолнина на Европа,“ изјави Александар Ѓоргиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот.

Граѓаните преку веб-страницата www.higi-aerodrom.mk ќе можат да комуницираат со општината и да пријавуваат проблеми со хигиената, по што локалните власти ќе постапуваат и ќе ги решаваат овие проблеми. Покрај преку оваа страница, граѓаните преку телефон и преку електронска пошта ќе можат да ги пријавуваат проблемите со хигиената во Општина Аеродром.

Општина Аеродром ќе бара активно членство во европската еколошка мрежа „Нула отпад Европа“ (Zero Waste Europe). Општинските власти се обврзуваат дека ќе постават календар на редовни активности за чистење на Аеродром, ќе постават распореди за вонредни чистења на кабаст отпад и постојано ќе ги ажурираат сите наведени термини за да бидат информирани граѓаните кога ќе се чисти во нивниот реон, населба или улица.

Општина Аеродром аплицирала и за ЕУ-проект за селекција на отпад од куќен праг „Clean AirDrom“ финансиран од Европскиот фонд за локални самоуправи. Проектот е насловен како „Zero Solid Waste in Municipality of Aerodrom“. Од ЕУ очекуваат средства од 500.000 евра и дополнителни 100.000 евра од Министерството за локална самоуправа, со кои ќе се набават од 20.000 до 30.000 канти со посебни прегради за селекција на отпадот. Планирано е комунални работници на општината да поминуваат и да го собираат отпадот, кој потоа ќе се преработува.

Општинските власти ќе организираат акции за собирање на отпадот, „урбани простори“ за одлагање кабаст отпад, а ќе отпочнат со изработка на проект за селекција и компостирање органски отпад и изработка на студија на загадувачи во Општина Аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...