fbpx
Таг: убиство

таг: убиство

Уапсен Милан Радоичиќ, одреден му е 48-часовен притвор

На доскорешниот потпретседател на Српската листа Милан Радоичиќ, денеска му е одреден притвор од 48 часа, откако полициските службеници на Управата за криминалистичка полиција извршиле претрес во неговиот стан и други простории, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Како што пренесува Н1, Радоичиќ пред неколку денови се одзва на повикот на државните органи на Република Србија и тогаш беше соопштено...

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите кои се обезбедени до овој момент, според ОЈО, даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство...

Дуан „Кефе Д“ Дејвис е обвинет за убиството на славниот рапер Тупак Шакур

Дуан „Кефе Д“ Дејвис е обвинет за убиството на славниот рапер Тупак Шакур, што се случи во 1996 година во близина на Лас Вегас Стрип. Дејвис, поранешен член на банда, кој претходно беше сослушан како сведок на убиството, вчера е уапсен од полицијата во Лас Вегас, што е прв напредок во расчистување на случајот стар 27 години. На судското рочиште,...

Платформа за родова еднаквост: Убиството во Кочани е фемицид, бараме преквалификување на делото

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше изборена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, кочанското јавно обвинителство го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Од Платформата за родова еднаквост реагираат дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за...

Платформа за родова еднаквост: Уште еден фемицид поради непостапување на институциите

Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност, реагираат од Платформата за родова еднаквост. Реакцијата следува по бруталниот настан вчера, кога 59-годишниот У.Р., рано изутрината уби жена пред нејзината...

Притвор за кочанчанецот кој вчера уби жена со 40 убоди од нож

Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на 59-годишниот У.Р., кој вчера рано изутрина во Кочани брутално уби жена пред нејзината семејна куќа. Тој на 46-годишната Т.М. ѝ нанел повеќе од 40 убоди со нож. Основното јавно обвинителство Кочани донело Наредба за спроведување истражна постапка против за кривично дело убиство. „Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од...

Постар гевгеличанец поради имотни расправии со пиштол ги убил братот и снаата

Двојно убиство се случило вчеравечер во Гевгелија - 69-годишник од градот со пиштол си ги убил братот и снаата, соопшти МВР. Убиството се случило во 18.50 часот вчеравечер пред семејната куќа во Гевгелија каде што тројцата живееле. Мотивот поради кој В.Г.(69), пукал во неговиот две години постар брат Л.Г. и снаата Т.Г. (62), бил судски спор околу нерасчистени имотно-правни односи....

Убиство во Кочани: Жена десетици пати била избодена со нож пред семејната куќа

Жена на 46-годишна возраст од Кочани утринава била до смрт избодена со нож пред семејната куќа, информираа од Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други...

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ и 46-годишниот Мерсуд Халиловиќ. Според првичните...

Ескалација во Косово: Се пука кај Бањска, Курти тврди полицијата опкружила 30 вооружени лица

По убиството на косовски полицаец кај селото Бањска во северно Косово, состојбата останува драматична. Спорадични пукања се слушаат и понатаму од правецот на ова село, а косовскиот премиер Албин Курти пред малку објави дека нападите продолжуваат кај ова село и дека има најмалку 30 тешко вооружени лица кои пукаат кон косовската полиција. Курти додаде дека станува збор за професионалци,...

Убиен полицаец на северот на Косово, Приштина ги обвинува српските власти

Косовската полиција утрово потврди дека еден полициски припадник е убиен, а негов колега е ранет по извршениот напад врз нив во северниот дел на Косово, јавува КосСев.инфо. Единицата за брзи интервенции на пограничната полиција во 2:34 часот забележала дека на влезот во селото Бањска биле поставени два камиона без регистарски таблички, а еден од нив го блокирал патот. Од полициската...

Пожарот во стан во Хром бил прикривање убиство

Според Основното јавно обвинителство Скопје, чиј дежурен обвинител извршил увид во опожарениот стан во Хром, каде вчера беше пронајден пoчинат 35-годишник, жртвата била првин избодена со отар предмет, а потоа бил подметнат пожарот во станот, за да се прикрие убиство. Иако станува збор за првични сознанија, во текот на денешниот ден, Обвинителството во координација со МВР презема и други дејствија...

Уапсен Алил Демири – баран со меѓународна потерница за убиствата кај Смилковско езеро

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири, баран со меѓународна потерница во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Демири беше осуден на доживотна затворска казна, како првообвинет за петкратното убиство што се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смилковско Езеро во близина на Скопје. „Денеска...

Во Софија убиен познатиот бугарски бизнисмен Алексеј Петров

Еден од последните позначајни бизнисмени од транзицискиот период во Бугарија, Алексеј Петров денеска е убиен во софискиот кварт „Драгалевци“, јавува mediapool.bg. Првичните информации говорат дека кон него било стрелано од пушка, а во моментот Петров имал тројца телохранители. Убиениот имал обичај да се шета на локацијата каде било пукано. Во последниве две децении врз Алексеј Петров биле извршени два неуспешни...

Трагедија во Босна: Убил тројца, на крајот се самоубил пред полицијата

35-годишен маж од босанскиот град Градачац ја убил својата сопруга, а убиството го пренесувал во живо на Инстаграм. При бегството од полицијата убил уште две лица, за на крајот да се самоубие пред полицијата. Трагедијата која го потресе регионот се случила во Градачац, на североистокот од Босна и Херцеговина. Од босанското обвинителство за сараевскиот весник Ослобоџење потврдија дека Нермин Сулејмановиќ...

Обвинителството истражува убиство во велешко

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25 годишен жител на селото Виничани, за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело  Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, инфомираат во Обвинителството. „На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото...

Еден македонски државјанин убиен, а еден ранет во пукање во Ханиоти, Грција

Македонски државјанин е убиен, а друг ранет во грчкото туристичко место Ханиоти на Халкидики. Според пишувањето на грчките медиуми, маскирани лица дошле во изнајмената куќа каде што престојувале македонските државјани и почнале да пукаат. Едниот, на возраст од 39 години бил убиен на лице место, а другиот, на возраст од 45 години, бил ранет и пренесен во болница. Грчката полиција...

Пронајдено телото на 18-годишната девојка по која се трагаше 20 дена во Белград

Во стан на улицата Цар Лазар во центарот на Белград вчера беше пронајдено телото на 18-годишната Ноа Миливојев, која претходно беше исчезната речиси три седмици. Како што пренесуваат дел од медиумите, полицијата го уапсила убиецот, кој веднаш по апсењето го признал дело. Сомнежите се дека Ноа била во партнерска врска со убиецот. Инаку, осумнаесетгодишната Ноа исчезнала на 17 јуни. Последен пат...

Четврта ноќ на немири во Франција, речиси илјада уапсени

Речиси илјада лица беа уапсени, а 80 полицајци во Франција повредени во текот на четвртата ноќ помината во немири предизвикани од убиството на 17-годишно момче од страна на полициски службеник. Официјалните лица, сепак, тврдат дека ситуацијата била помирна во однос на претходната ноќ, пренесува „Гардијан“. Четириесет и пет илјади полицајци, вклучително и специјалните сили беа распоредени за да одговорат на...

Уапсени 667 лица по нередите во Франција поради убиството на момче од полициски службеник

Трета ноќ по ред траат протестите во Франција по убиството на 17-годишно момче од страна на полициски службеник. Досега се уапсени 667 лица, информираше министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, пренесува Гардијан. И во текот на вчерашната ноќ продолжија немирите во Франција, кои се последица на револтот на граѓаните откако полицаец уби 17-годишно момче поради тоа што со возилото не...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...