Притвор за кочанчанецот кој вчера уби жена со 40 убоди од нож

Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на 59-годишниот У.Р., кој вчера рано изутрина во Кочани брутално уби жена пред нејзината семејна куќа

-

Судија на претходна постапка му одредил 30 дневен притвор на 59-годишниот У.Р., кој вчера рано изутрина во Кочани брутално уби жена пред нејзината семејна куќа. Тој на 46-годишната Т.М. ѝ нанел повеќе од 40 убоди со нож.

Основното јавно обвинителство Кочани донело Наредба за спроведување истражна постапка против за кривично дело убиство.

„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“, се вели во соопштението на обвинителството.

Претходно, во јули годинава, жената го пријавила осомничениот за уцена. Тој, според првичните информации, ја уценувал жената дека ќе објави компромитирачки материјали за неа, доколку не земе кредит во негово име.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...