fbpx

Платформа за родова еднаквост: Убиството во Кочани е фемицид, бараме преквалификување на делото

Од Платформата реагираат дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство

-

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше изборена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, кочанското јавно обвинителство го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Од Платформата за родова еднаквост реагираат дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето што до смрт ја избоде жената, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик“.

„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“,  се вели во соопштението на кочанското јавно обвинителство.

Платформата за родова еднаквост бара преквалификување на кривичното дело – фемицидот.

„Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово базирано насилство повторно не е препознаено. Оттука, бараме Основното јавно обвинителство да го преквалификува кривичното дело – фемицидот во Кочани согласно член 123, став 2, точка 2а – друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик“, се вели во реакцијата на Платформата за родова еднаквост.

Од таму велат дека за преквалификување на делото ќе поднесат барање и до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Убиството на 46-годишната жена од Кочани се случи во понеделникот наутро, пред нејзиниот дом.

Претходно во јули, жената го пријавила осомничениот за уцена. Според информациите, тој ја уценувал дека ќе објави компромитирачки материјали за неа, доколку не земе кредит во негово име.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...