fbpx

Пронајдено телото на 18-годишната девојка по која се трагаше 20 дена во Белград

Според официјалното соопштение од српското МВР, лишено е од слобода лицето О.Д. (33) во чиј стан во Белград се пронајдени делови од човечко тело

-

Во стан на улицата Цар Лазар во центарот на Белград вчера беше пронајдено телото на 18-годишната Ноа Миливојев, која претходно беше исчезната речиси три седмици.

Како што пренесуваат дел од медиумите, полицијата го уапсила убиецот, кој веднаш по апсењето го признал дело. Сомнежите се дека Ноа била во партнерска врска со убиецот.

Инаку, осумнаесетгодишната Ноа исчезнала на 17 јуни. Последен пат се слушнала со мајка си кога отишла кај дечкото и оттогаш и се губи секаква трага.

Според официјалното соопштение од српското МВР, лишено е од слобода лицето  О.Д. (33) во чиј стан во Белград се пронајдени делови од човечко тело.

Поради постоење сомнежи дека тој сторил кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин, тој ќе биде задржан до до 48 часа, по што ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...