fbpx
Таг: цени

таг: цени

АНАЛИЗА: Цените на становите зголемени за 4 отсто, бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35 отсто

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата. Летен „залет“ на градежништвото, становите поскапеа Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст...

Денеска се укинува роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан, но условите треба да се проверат со операторите

Од денеска се укинува роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан. Корисниците на македонски броеви ќе може да ги користат своите телефони за разговори под истите услови како во Северна Македонија, кога се во Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, доколку сакаат да повикаат број во Македонија или одговорат на повик од мобилен број од земјава. Сепак, за сите детали,...

Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври. „На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 проценти и 4 проценти во 2022 и 2023 година, соодветно. Оваа динамика на раст сепак...

Цената на бензините останува иста, а дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,26 проценти, информираат од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, остануваат на исто ниво, па оттука малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за...

На 1 јули се укинува роамингот помеѓу шесте земји на Западен Балкан

Почнувајќи од 1 јули, граѓаните нема да плаќаат за користење на роаминг услугите во шесте земји на Западен Балкан: Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. На 4 април 2019 година, ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан на Дигиталниот Самит во Белград, Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. Како...

Месната индустрија бара да се зголеми увозот на замрзнато месо за да се избегне ценовен шок на производите

Групацијата на производителите и преработувачите на месо при Стопанската комора побарала од Министерство за економија да ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, претседателот на Групацијата, Гоце Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите кои се преработки од месо,...

Цената на дизелот се зголемува за еден, а на бензините за денар иполовина

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека цената на горивата се зголемува во просек за 2,13 проценти во однос на минатата недела. Малопродажната цена на дизелот се зголемува за еден денар и ќе се продава за 57 денари за литар. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за...

Народната банка очекува пораст на цените на нафтата во 2021 година

За 2021 година е извршена нагорна ревизија на цената на нафтата, при што сега се очекува дека растот ќе биде малку поголем во споредба со октомври, соопшти Народната банка во новиот извештај за макроекономските показатели. „Нагорната ревизија во најголем дел е одраз на позитивните вести во однос на вакцината за Ковид-19 и очекувањата за поголема побарувачка, како и одлуката на...

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување...

Заев: Поскапувањето на струјата е на барање на ЕСМ и МЕПСО, а како последица на пандемијата и неповолната состојба со хидроакумулациите

По средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, вчера, во која се договараше составот за нова влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече оти не се согласува со барањата за разрешување на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), која донесе одлука да се покачи цената на струјата. – Јас ги видов сите аргументи и...

Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да...

Народната банка очекува пад на цените на нафтата поради корона вирусот

Народната банка во најновиот квартален извештај проектира намалување на цените на нафтата, пред се поради негативните ефекти од пандемијата од корона вирусот. „Новите оценки за нивото на цената на нафтата се значително пониски во однос на октомвриските проекции, како одраз на очекувањата за намалена глобална побарувачка заради неповолните ефекти врз економската активност од ширењето на новата вирусна инфекција и очекувањата...

Корона вирусот го „зарази“ и пазарот на недвижности

Намалување на продажбата на новите станови има во првите три месеци од годинава, како и забележителен пад на купопродажбите кај сите недвижнoсти во минатиот месец, кога разгоре епидемијата на корона вирусот и беше прогласена вонредна состојба. Новите податоци од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности откриваат дека во периодот јануари - март 2020 година во...

Што ќе се случува со цените: Инфлација угоре или удолу?

Во “потршувачкиот мартовски пик“ регистрирани првите “симптпоми“ на зголемени трошоци на живот за дел од прехранбените производи, масло, шеќер, кондитроски призводи, млеко, јајца. И во април се прелеа зголемената потрошувачка, дополнително стимулирана од празничните денови, но и продолжениот полициски час, до втроник, пет изутрина, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Граѓаните повторно ги полнеа кесите во продавниците и на...

На Зелен пазар поскапени се производите кои се увезуваат, домашните поевтиниле

Економската криза предизвикана по појавувањето на корона вирусот, го погоди и Зелениот пазар во Скопје, каде што можеше да се забележи опаѓање на бројот на потрошувачи и видливо опаѓање на поранешната динамика. Одредени производи сега се продаваат со повисоки цени, но сепак зелениот пазар продолжува да нуди поевтини производи во споредба со продавниците, со поповолни цени и поприфатливи за...

Пазарџиите од Тетово се жалат дека немаат работа и стравуваат дека ќе останат на улица

Покрај големите бизниси кои веќе започнаа да отпуштаат некои работници, пандемијата од коронавирусот им нанесува штети и на малите бизниси, особено во пазарите, каде што се продава овошје и зеленчук. Некои од трговците во Општина Тетово ни рекоа дека доколку ова продолжи, ќе ги затворат тезгите и на тој начин ќе останат без никаков приход, пишува „Порталб.мк“. „Немам волја повеќе...

Ако има потреба, Владата ќе воведе кривично дело „шпекулирање со цени на производи“

Photo by Sonder Quest on Unsplash
Ново кривично дело, „шпекулирање со цени на производи“, би можело да биде една од првите законски одредби што ќе ги донесе Владата откако е прогласена вонредна состојба. Таква одредба е веќе подготвена, а ако има потреба, ќе биде воведена со измени на Кривичниот законик, најави денеска министерката за правда Рената Дескоска. - Во соработка со Министерството за економија веќе разгледавме...

Претставниците на маркетите уверуваат дека залихи има доволно и нема место за паника

Министерот за економија, Крешник Бектеши, апелираше граѓаните да купуваат разумно во маркетите, бидејќи залихи има доволно. Тој додаде дека во маркетите се создава најголема гужва и оттука се доведува во прашање здравјето на вработените. „Ги повикувам граѓаните разумно да купуваат, секој супермаркет ќе направи интерен план за работа со цел да излез во пресрет на граѓаните. Место за паника нема,...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 5,56 проценти. Mалопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за три денари за литар. Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64 денари, а на „еуросупер БС-98“ 66 денари за литар. Малопродажните цени на дизелот и на...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...