Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

-

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката.

Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со претходниот квартал.

„Од аспект на понудата во вториот квартал од 2020 година, вредноста на изградените станбени згради забележа раст, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување на вредноста. Од аспект на побарувачката, и во вториот квартал на 2020 година таа беше поддржана од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити“, се вели во извештајот на Народната банка.

Истовремено,  статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, се вели во извештајот.

Инаку, податоците на Катастарот откриваат и значителни разлики на просечните цени на станбениот квадрат во зависност од тоа во кој град се наоѓаа становите. Тие се движат од 28.255 денари во Куманово до 62.778 денари во Центар. Математиката покажува дека со пари за еден стан во Центар, може да се купат два стана во Куманово и Струмица.

Која е Маријан Едгар Бад, бискупката што упати молба до Трамп за милост во име на имигрантите и ЛГБТ заедницата

Бискупката Маријан Едгар Баде, чиј директен апел до претседателот Трамп за милост во име на имигрантите и ЛГБТ заедницата беше во центарот на вниманието,  каде што јавно го критикуваше Трамп...

Повик до основци и средношколци да се натпреваруваат на Европски квиз на парите

Мaкедонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, објави јавен повик до основните и средните училишта со кој ги повикуваат учениците од основни и средни училишта...

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери, во...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

Која е Маријан Едгар Бад, бискупката што упати молба до Трамп за милост во име на имигрантите и ЛГБТ заедницата

Бискупката Маријан Едгар Баде, чиј директен апел до претседателот Трамп за милост во име на имигрантите и ЛГБТ заедницата беше во центарот на вниманието,  каде што јавно го...