Фото: Арбнора Мемети

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа на територија на земјава регистирани се 419 прекршоци на мерката за носење заштитна маска на лицето.

Во периодот 17 јули – 16 август евидентирани се вкупно 11.792 прекршоци по овој основ.

Бројот на новодијагностицирани и понатаму секојдневно е троцифрен. Во последните 24 часа се регистрирани 141 нови случаи на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, а бројката на оздравени пациенти е 9.123. Починаа 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991.