Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,26 проценти, информираат од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, остануваат на исто ниво, па оттука малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 59 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 58,50 денари за литар.