fbpx

Народната банка очекува пад на цените на нафтата поради корона вирусот

-

Народната банка во најновиот квартален извештај проектира намалување на цените на нафтата, пред се поради негативните ефекти од пандемијата од корона вирусот.

„Новите оценки за нивото на цената на нафтата се значително пониски во однос на октомвриските проекции, како одраз на очекувањата за намалена глобална побарувачка заради неповолните ефекти врз економската активност од ширењето на новата вирусна инфекција и очекувањата за поголема понуда на пазарот по неуспешниот договор помеѓу земјите членки на ОПЕК+ за зголемување и продолжување на мерката за ограничено производство“, се вели во извештајот.

Во него, се додава дека за 2020 година се очекува позначителен пад на цената од 38,4 отсто, додека за 2021 година тековните оценки упатуваат на помал пад од 1,6 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...