fbpx

Во Србија кружи лажна вест за „дрога за подмладување“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот портал за борба против дезинформациите fakenews.rs одговори на шокантна вест, која во суштина е лажна, пласирана од српската телевизија со национална фрекфенција „Хепи“ – дека „ за стотина илјади долари се продава дрога „адренохром“, направена од крвта на мачени, а потоа убиени дека, со која може да се подмладите“. Веста била пренесена од неколку други портали.

Ништо од сето тоа не е вистина, пишува fakenews.rs. Во прашање е хемикалијата адренохром, кое не се користи за подмладување ниту пак се добива на брутален начин – од убиени, а претходно малтретирани, деца.

Адренохромот е хемиско соединение добиено со оксидација на адреналин. Се синтентизира во лаборатории со помош на сребро оксид, а главната примена му е во медицината за спречување на крварење.

Порталот контактирал со проф. д-р Роберт Чилкот од универзитетот Хартфордшир, кој рекол дека е фикција дека адренохромот се користи за подмладување. Не е вистина ниту тоа дека адренохромот се продава за стотици илјади долари, пишува fakenews.rs, туку, една ампула од 25 милиграми произведена од компанијата „Сигма-Олдрич“ чини 117 евра.

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs, пак, се зафати со српскиот министер без портфељ задолжен за иновации, Ненад Поповиќ, кој на 3 април рекол дека за еден месец во Србија ќе биде произведен првиот српски респиратор, откако само неколку дена претходно кажал дека до 30 април ќе бидат произведени пет респиратори.

Проверките што ги направил istinomer.rs утврдиле дека нема финален производ респиратор, туку само пет прототипи, односно министерот Поповиќ премногу „се истрчал“ со најавата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...