fbpx

Филипче: Комисијата не расправа за изборниот процес, најважно е јавното здравје

-

Во ниеден момент на состаноците со Комисијата за заразни болести, не се дискутирало за изборниот процес. Било каква мерка, препорака менување на полициски час, ќе биде исклучиво донесено врз основа на сознанијата на новодијагностицираните пациенти. Ниеден друг фактор освен заштита на јавноото здравје не се зема предвид, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира дека утре ќе се одлучуа какви ќе бидат мерките за време на претстојниот викенд со оглед на тоа дека бројот на новодијагностицирани пациенти денеска е зголемен.

– Денес имаме 22 оздравени пациенти, но 33 нови случаи. Сега вкупната бројка на новодијагностицирани е 1.572, оздравени се 1.079, починати се 89 лица. Во моментот активни случаи има 404. Направени се во изминатото деноноќие 332 теста, а вкупно досега се направени 18.168 тестови. Имаме скок на новозаразени пациенти и тоа ќе го следиме во следнит денови, за да видиме дали е случајност или некаква варијација, или е тренд, сепак ова се резултати од само еден ден. Во неколку наврати имавме слични сценарија скокови и падови. Ќе ги анализираме и ќе носиме заклучоци, на што се должи ова зголемување. Засега се на сила сите мерки – рече министерот.

Тој информира дека денеска со амбасадорката на Швајцарија ја посети монтажната болница која не се користи во моментов. Има опрема во вредност од 3,2 милиони евра. Стигнала и потврда за донација од 20 респиратори од Норвешка. Со овие 20, 20 на ЕУ и 15 респиратори кои ги потврдивме од УНДП, државата има доволно вакви машини.

– Скринингот ќе започне следната недела. Ќе се тестираат вработени во градинки, домови за стари лица, понатаму и возачи во ЈСП, таксисти, здравствени работници, пациенти пред хоспитализација. Исто така, сметам дека со користењето на апликацијата, полесно се стигнува до контактите. Ова е сериозна алатка во рацете на медицинските рабоници која може да овозможи прекинување на синџирот на пренос и навремено започнување на терапија и изолација на луѓето. Важноста ја потврди и и европската комисија. Досега апликацијата ја инсталирале 55.000 граѓани – кажа Филипче.

На состанок утре ќе се дискутира како ќе биде регулиран полицискиот час за време на викендот, а во сабота ќе се зборува дали ќе се олабават мерките.

– Се спремаат листи за интервенции на пациенти, на кои им беа откажани. Ќе бидат тестирани за да ги заштитиме клиниките. Согласно тој процес, ако продолжи вака, би требало да биде на сила од следната недела. Имаме примери од други земји дека после олабавување на одредени мерки има зголемување на бројот на случаи, но мерките и наинот на нивно димензионирање се носат врз основа на два критериуми – едниот број на новодијагностицирани случаи и вториот е, колку здравствениот систем е подготвен да ги третира пациентите. Само врз нивна основа може да носиме мерки – додаде министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...