fbpx

Претставниците на маркетите уверуваат дека залихи има доволно и нема место за паника

-

Министерот за економија, Крешник Бектеши, апелираше граѓаните да купуваат разумно во маркетите, бидејќи залихи има доволно. Тој додаде дека во маркетите се создава најголема гужва и оттука се доведува во прашање здравјето на вработените.

„Ги повикувам граѓаните разумно да купуваат, секој супермаркет ќе направи интерен план за работа со цел да излез во пресрет на граѓаните. Место за паника нема, залихи има,“ рече Бектеши.

Претставниците на супермаркетите исто така уверуваат дека состојба е под контрола и нема место паника, залихи имаат за период од 35 до 40 дена. Според нив, тие се охрабрени од трговците и производителите дека доволно ќе снабдуваат и оттука производите што стратешки се купуваат ќе ги има доволно.

Џемаил Даути, сопственик на компанијата „Даути“, која врши увоз и дистрибуција на храна низ супермаркетите, рече дека минатата недела имало потешкотии за увоз на роба, но од вчера тој проблем е решен и камионите во конвој се тргнати кон државата. Засега, цените на производите не се менуваат.

Од Државниот пазарен инспекторат информираа дека поради непочитување на одлуките на Владата, биле затворени 10 угостителски објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставен суд ја отфрли иницијативата за „Треска“, од „Шанса за Центар“ предупредуваат за преизграденост

Откако вчера Уставниот суд ја отфрли иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ да се оцени уставноста на одлуката со која е изменет ДУП Буњаковец...