fbpx

Ако има потреба, Владата ќе воведе кривично дело „шпекулирање со цени на производи“

-

Ново кривично дело, „шпекулирање со цени на производи“, би можело да биде една од првите законски одредби што ќе ги донесе Владата откако е прогласена вонредна состојба. Таква одредба е веќе подготвена, а ако има потреба, ќе биде воведена со измени на Кривичниот законик, најави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Во соработка со Министерството за економија веќе разгледавме можни измени на Кривичниот законик за да воведеме казна шпекулирање со цени на производи. Ако треба, имаме спремано таква одредба, изјави Дескоска на денешната прес конференција, на која со премиерот Оливер Спасовски ги објаснуваа надлежностите на Владата во вонредна состојба.

Дескоска рече дека судовите ќе продолжат со работа, а приоритет и ним, како и на Обвинителството, сега ќе им бидат кривичните дела против здравјето.

– И во воена состојба судовите работат, рече Дескоска.

Министерката додаде дека доколку биде неопходно затворање на судови поради епидемијата во земјава, Владата може да донесе уредба со законска сила со која ќе го прекине течењето на роковите.

-За кривични постапки, некои земји веќе донесоа уредби со кои го запреа течењето на роковите за застареност, рече Дескоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...