fbpx

Корона вирусот го „зарази“ и пазарот на недвижности

-

Намалување на продажбата на новите станови има во првите три месеци од годинава, како и забележителен пад на купопродажбите кај сите недвижнoсти во минатиот месец, кога разгоре епидемијата на корона вирусот и беше прогласена вонредна состојба.

Новите податоци од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности откриваат дека во периодот јануари – март 2020 година во државата се продадени 719 новоизградени станови, што е за 162 станови помалку од четвртото тримесечје во 2019 година.

„За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 390 станови. Заклучно со март, годинава на целата територија на државата има 6.432 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.706 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, се вели во извештајот.

На целата територија на нашата земја во првите три месеци од 2020 година се регистрирани вкупно 4.935 продажби на недвижности (станови, деловен простор, куќи, земјоделско и градежно земјиште и други објекти).

„Доколку се разгледаат продажбите по временски распоред, односно по месеци, може да се заклучи дека најголема активност на пазарот е забележана во јануари, односно 1.774 продажби, додека најмала активност на пазарот на продажби е регистрирана во март и тоа 1.415 продажби. Во месец февруари се регистрирани 1.746 продажби на недвижности“, пишува во извештајот.

Инаку, во првото тримесечје од годинава највисоки цени по квадрат имале становите во општините Центар, Карпош и Аеродром, а најниски во Струга и Кочани.

Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 302 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Куманово, каде што во овој период се продадени 38 куќи. Најмногу продажби на деловен простор се забележани во општина Карпош каде што се продадени 27 деловни простори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...