fbpx
Таг: тендер

таг: тендер

Во Кавадарци и Кичево ќе се мерат ПМ-10 честички, набавени делови за расипаните мерни станици

Министерството за животна средина и просторно планирање набави нови автоматски семплери за мерење на суспендирани честички со ПM-10, ПM-2.5 и ПM-1 глави за семплирање за мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Семплерите се наменети за Кавадарци и Кичево, каде што мерните станици подолг период не покажуваат вредности на ПМ-10 честичките. Новите делови во...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од...

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме нова страница во историјата на...

До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Веќе е изработен...

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП - Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација...

ЕСМ изработува проект за проширување на парно греењето во населбата Железара

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го склучија договорот за изработка на основен проект за проширување на топловодниот систем кон скопската населба Железара. Во овој дел од Скопје ќе се проширува бројот на корисници на централното греење откако минатата година беше пуштена во употреба новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ во кругот на скопската железарница. Со овој енергетски капацитет, за една...

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец - Катланово од автопатот Скопје - Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во...

Пролетва тендер за изведба на првата и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

И покрај тоа што беше најавено за јануари, објавувањето на тендерот за продолжување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп е поместено за претстојнава пролет. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започнале со изработка на тендерската документација за делницата од Фаришка и Дреновска...

„Гранит“ ќе го гради пробивањето на булеварот АСНОМ и мостот кон Керамидница

Градот Скопје ја избра компанијата „Гранит“ за пробивањето на булеварот АСНОМ кон населбата Керамидница и за изградба на новиот мост на реката Вардар. Станува збор за втора фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, со која се предвидува изведба на трасата во должина од 400 метри, вклучувајќи го и мостот што ќе биде долг 120 метри. Идниот мост ќе има по...

Австриски „Страбаг“ ќе ја гради и втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши постапката за избор на изведувач за втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш, со должина од 16,9 километри. Австриската компанија „Страбаг“ е избрана како најповолен понудувач со доставената понуда од 14,9 милиони евра. Станува збор за трасата од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и...

Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце - Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората фаза од железничкото поврзување...

Како тендерот за кетеринг на Архивот од 5 илјади стана 5 милиони евра

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на „Твитер“ сподели објава со која шири дезинформација дека Државниот архив распишал тендер за кетеринг вреден пет милиони евра, пишува „КриТинк“. 5 (пет) милиони евра за кетеринг за Државен Архив а немате 50.000 евра за награда за екипата на „Медена земја“?!? @VladaMK https://t.co/fOBPdry0Sk — Ganka Cvetanova (@gankacv) February 12, 2020 Цветанова се повикува на тендерот објавен...

Распишан тендерот за проширување на паркот на ветерни електрани кај Богданци

Отпочнува реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на Парк на ветерни електрани кај Богданци. На 29 јануари беше објавен повикот за претквалификација за избор на компании за набавка и изведба на ветерните турбини и за изградба на пристапните патишта и кабловската мрежа, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Во втората фаза од овој проект ќе се изврши...

Учениците од Блаце догодина нема да ja минуваат границата за да одат на школо во Косово

Учениците од скопското село Блаце со години наназад ја минуваат македонско - косовската граница за да се школуваат во Елес Хан. Основно училиште во ова село нема, а државава им го негира едно од основните човекови права - правото на образование. Овие ученици немаат услови за одржување настава во земјата од која потекнуваат, но се очекува образовниот процес од...

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

Насловот „Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!“ дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС...

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје...

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП - Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во...

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“, а двете...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во „Комунална хигиена“ - Скопје (КХС) кон новинарката Илинка Иљоска од новинската агенција Мета,...