Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај

-

Чистењето на ѓубриштата и нестандардните депонии во општините од Источниот и Североисточниот плански регион треба да започне кон средината на мај, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Работите за затворање на овие горливи точки што ја загадуваат животната средина е повторно одложена, а последното објаснување беше дека во првата тендерска постапка не била избрана компанија како најдобар понудувач, по што се повторила постапката за избор на надзор над работите.

Инаку, во 18-те општини од овие два региона, во првичната фаза ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински депонии, при што за изведба на работите веќе се избрани две компании од Германија и Турција. Притоа, само чистењето и рекултивирањето на нестандардните општински депонии ќе чини околу 10 милиони евра. На оние локации каде што има дел на приватно земјиште, паралелно со затворањето на нестандардните депонии, ќе се врши и постапка за експропријација на земјиштата, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Покрај чистењето на локациите од натрупаниот отпад и рекултивирањето на локациите, во иднина општините и јавните комунални претпријатија од овие два региона ќе имаат јасни ингеренции за одржување на овие места, за што веќе се потпишани договори со посебни обврски за нив.

Еднаш годишно, јавните комунални претпријатија од овие општини ќе мора да вршат мониторинг на подземните води и визуелна проверка на теренот, да ја одржуваат оградата и каналот за атмосферски води на затворената депонија. Два пати годишно, тие се должни да вршат сечење на тревата и топографско набљудување во однос на слегнување на телото на депонијата и стабилноста на прекривката. По осмата година од затворањето на депонијата, општините преку јавните претпријатија се должни еднаш годишно да продолжат со мониторингот на подземните води и топографското набљудување на депониите.

Целокупната постапка за чистење на ѓубриштата и затворање на нестандардните депонии требаше да почне по изборот на двете компании што треба да го вршат надзорот над работите, а што беше планирано да се случи до крајот на февруари. Наместо во март, почетокот на постапката се одложи за крајот на април, а сега новиот зададен рок е средината на мај.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...