fbpx

Порталб: Тендерот е објавен, но Ганиу не го исполни ветувањето дека ќе изгради базен во Чаир

-

Агенцијата за млади и спорт го објави тендерот за изградба на четири базени, меѓу кои е предвидена изградба на базен и во Општина Чаир. Од оваа агенција за Порталб.мк потврдија дека тендерот е објавен во саботата и дека законските процедури мора да се почитуваат до усвојување на одлуката за избор на компанијата која ќе ги изведува работите, а кои траат најмалку два месеци, пишува Порталб.мк.

„Тендерот е објавен во саботата и постапката е во тек. Тендерската постапка трае еден месец, плус разгледување на документите, донесување одлуки, потпишување договори за дополнителен период. Потоа по донесувањето на одлуката има рок за жалба 15 дена, што значи дека треба да се разгледаат, зависно од тоа колку нашите вработени треба да ја разгледаат документацијата на презентираните компании, и зависи од тоа колку компании ќе се пријават. Меѓутоа, целата законска постапка, во принцип, трае колку што траел тендерот, односно не повеќе од еден месец. Ако тендерот трае еден месец, постапката треба да трае сé додека се избере компанијата што ќе ги гради базените“, велат од агенцијата.

Тендерската постапка, според законот, трае минимум еден месец, а пак додека се потврдат сите документи минимум 45 дена. Со оглед на ова, почетокот на работите за изградба на базенот во Чаир не може да се очекува пред ноември.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за време на предизборната кампања во 2017 година, во својот договор со кој ги освои гласовите на граѓаните, вети дека ќе изгради базен со отворен спортски терен. За овој проект вети буџет од 83.945.350 денари. Но, и покрај овие ветувања, четири години не беа доволни Ганиу да ги исполни. Базенот што го вети не само што не е изграден, туку и почетокот на работите за негова изградба нема да започнат пред крајот на мандатот на Ганиу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...