fbpx
Таг: тендер

таг: тендер

Владата ќе плати 50.000 евра за знамиња

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) склучила договор со фирмата „Унипрес Милевка и Благоја“ за набавка на знамиња за јарболи. За знамињата, Службата  треба да плати 2.959.985 денари или 48.129 евра. Договорот е во траење од една година.

МВР: Чоколадите се за посебните единици

Чоколадите што Министерството за внатрешни работи (МВР) ги набавува преку тендер за сума од 4.743.000 денари или околу 77.000 евра, се „за потребите на посебните единици во рамките на Министерството“, одговорија од МВР на прашањето на „Мета“ зошто се набавуваат толку чоколади и за какви потреби? „Предметот на набавката, кој е во согласност со годишниот план за јавни набавки, е за потребите...

МВР купува чоколади за 77.000 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за набавка на чоколади за сума од околу 77.000 евра. Огласот, како што може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, е објавен на 6 октомври, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до 26 октомври. Како што стои во огласот, предмет на јавна набавка се „чоколади по спецификација“, а...

Повеќе од 30 компании заинтересирани да станат нови сопственици на „Џумајлија“

Повеќе од 30 домашни и странски компании се заинтересирани за закуп на земјиштето што му беше дадено на контроверзниот индискиот бизнисмен Субрата Рој во Лозово, потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој денеска беше во посета на Свети Николе и на Овчеполието. Со распишаниот меѓународен тендер за закуп, се прави нов обид да се најде концесионер за некогашното...

Во јули ќе се објави тендер за обнова на манастирот Трескавец

Во јули ќе биде објавен тендер за обновата на опожарените конаци на Трескавец, изјави денеска министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес-конференцијата во прилепскиот Завод и музеј. Министерката за култура денеска е во посета на Прилеп, а беше и на локалитетот Стибера, каде е пронајдена новата мермерна скултура што е ново ексклузивно откритие на овој локалитет. Сите проекти за обновата...

Од идната Нова година, Скопје ќе се украсува тематски

Од идната година, Градот Скопје ќе бара идејно решение за новогодишното украсување. На страницата за јавни набавки, во понеделникот е објавен оглас во кој се бара идејно решение за новогодишното украсување за наредната година. Во критериумите според кои ќе се избира најповолната понуда, пишува дека идејните решенија треба да бидат уникатни и да имаат концепт, да бидат креативни и да...

ЗНМ: Владата против препораките на ЕУ за рекламирањето во медиумите

Скандалозни се измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите, регираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според нив, тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и дополнително ќе ја зголеми нетранспарентноста на трошењето јавни пари, но претставува и обид да се купува наклонетоста...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...