fbpx

МВР: Чоколадите се за посебните единици

-

Чоколадите што Министерството за внатрешни работи (МВР) ги набавува преку тендер за сума од 4.743.000 денари или околу 77.000 евра, се „за потребите на посебните единици во рамките на Министерството“, одговорија од МВР на прашањето на „Мета“ зошто се набавуваат толку чоколади и за какви потреби?

„Предметот на набавката, кој е во согласност со годишниот план за јавни набавки, е за потребите на посебните единици во рамките на МВР за таков вид прехранбен производ, како и врз основа на реалните потреби. За наведените услови (критериуми за исполнување на способност и барањата од техничката спецификација) кои се наведени во огласот објавен од МВР, известуваме дека истите се пропорционални со предметот на набавката, а како потврда за тоа се и решенијата од Советот за јавни набавки, во кои се дава согласност за почнување на постапка со предвидените услови во огласот“, стои во писмениот одговор од МВР.

Оттаму велат дека сумата од 77.000 евра е проценета вредност на набавката и дека не станува збор за конечен износ во оваа фаза на постапката.

„Проценетата вредност на предметот на набавката е со износ на 4.743.000,00 денари без ДДВ и истата е проценета вредност, бидејќи набавката во согласност со податоците од огласот е во фаза на јавно отворање на пристигнатите понуди. Проценетата вредност не е вредност која е конечна во оваа фаза на постапката, бидејќи следи фаза на евалуација, фаза на електронска аукција и фаза на донесување одлука за избор, односно поништување“, велат од МВР и додаваат дека министерството „врши набавка и на други прехранбени производи во согласност со планот за јавни набавки, а за потребите на посебните единици“.

МВР огласот за набавка на чоколади го распиша на 6 октомври, а последниот рок за пријавување на фирмите беше заклучно до вчера (26 октомври).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...