fbpx

Порталб.мк: Тетово, студентскиот дом кој се ветува од 2016 година, повторно се ветува за следната академска година

-

Се ветува од 2016 година, сепак студентскиот дом во Тетово се уште не е завршен, надлежните досега само ги продолжуваа роковите и ветувањата за негово завршување, последен беше поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани кој рече дека работите ќе завршат пред нова година, а новиот министер за образование Јетон Шаќири не прецизираше нов рок, но рече дека за наредната академска година се очекува да биде готов, пишува Порталб.мк

Иако студентскиот дом во Тетово е многу потребен за студенти од странство и од другите градови, тоа досега не беше доволен мотив за надлежните да го реализираат проектот за каков дом. што се ветува од 2016 година. Притоа ги пречекоруваа роковите за реализација и постојано ветуваа нови рокови за завршување на проектот, но без конечен резултат до денес.

Ректорот на тетовскиот универзитет Решат Ќахили пред три дена во изјава за новинарите рече дека зградата од формален аспект е веќе завршена, но дека се потребни дополнителни средства за внатрешниот инвентар.

„Разговаравме со министерот, тој изрази подготвеност во ребалансот на буџетот, што ќе биде некаде во мај или најдоцна јуни, да се предвиди одвојување на средства за инвентарот на домот за наредната академска година да има можност да се најде место за нови студенти“, рече Ќахили.

Од друга страна, министерот за образование Јетон Шаќири на прашањето дали ќе има одговорност за пречекорувањето на роковите за реализација на проектот, рече дека првично треба да се бара одговорност од негова страна како министер доколку студентскиот дом не почне да се подготвува наскоро.

„Владата во овој двегодишен период се справува со предизвикот на Ковид, што има и финансиска природа. Мора да преземеме одговорност домот што поскоро да биде достапен за идните студенти“, рече Шаќири.

А пак, за тоа дали има точен датум кога ова ќе заврши, министерот одговори вака:

„Не можам да дадам точен датум, но моја голема желба, како и на сите други е на почетокот на новата академска година да имаме студенти кои ќе бидат сместени во студентските домови. За да се оствари оваа желба мора да се обезбедат средства, да се видат сите финансиски можности. Ќе се заложам за оваа проблематика со сиот мој капацитет и сите финансиски можности за да се осигури студентскиот дом да стане реалност“.

За да видиме до каде се стигнати работите внатре, го посетивме студентскиот дом, но истиот беше затворен, а во продолжение погледнете ги фотографиите, направени од Порталб.мк, за тоа како изгледал домот внатре во октомври 2021 година:

Изградбата на студентскиот дом во Тетово е инвестиција вредна 166,5 милиони денари, зградата ќе има 305 легла. Покрај собите за спиење, во истиот е предвидено да има и технолошка соба, читална, сала за вежбање на студентите, простор за ужина итн.

Се ветува од 2016 година

Истиот ден кога Владата на Северна Македонија го усвои законот за основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше објавена изградбата на студентски дом во Тетово. Беше 2016 година, а истата година беше објавен и тендерот за изградба на овој студентски дом.

Потсетуваме дека министер за образование и наука во тоа време беше Абдилаќим Адеми.

Но, и покрај тоа што тендерот за изградба беше објавен во септември 2016 година, одлука за почеток на работите немаше, при што одлуката официјално беше донесена на крајот на март 2018 година и беше предвидено објектот да биде финализиран во април/мај истата година. Но, тоа не беше направено и во овој временски рок. Неодамна поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани изјави дека студентскиот дом требало да биде готов пред нова година, но и тоа не е направено.

Инаку, немањето студентски дом е проблем за многу странски студенти бидејќи според нив цените на приватните станови се скапи, а покривањето на трошоците се неиздржливи за еден студент. А пак наоѓањето на еден или повеќе цимери за живеење и споделување на трошоците не е секогаш лесно. Има студенти кои поради немање студентски дом се принудени да патуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...