fbpx
Таг: судење

таг: судење

Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот

Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата. Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ што се случи...

Порталб: Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, случајот пред Врховен суд

Денеска се навршуваат 11 години од убиството на четирите млади момчиња и еден рибар кај Смилковското езеро, еден од најстрашните настани што се случиле во државата. По првата донесена правосилна пресуда, Врховен суд го врати предметот на повторно одлучување, а сега, по завршеното второ судење, процесот е повторно пред Врховен, пишува Порталб.мк.  За разлика од првото судење, во вториот судски...

Мијалков и официјално „куртули“ за случајот „Титаник 2“

Официјално застаре и четвртото дело за кое беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица. До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште. Еднаш се донесе осудителна пресуда во Основниот кривичен...

Привршува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, следуваат завршни зборови

Во Основниот суд Тетово денеска заврши доказната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени. Следното рочиште е закажано за 25 април, кога ќе има завршни зборови на обвинителството и на одбраната, по што се очекува да биде донесена и пресудата. На денешното рочиште сведочеа...

На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

Во охридскиот суд денеска продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, здружение кое вчера беше избришано од Централниот регистар. На судењето Пендиков не се појави, а неговиот адвокат рече дека е на дополнителни здравствени прегледи. На денешното рочиште беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази. Во судницата беше прикажана и...

Хашим Тачи пред судот во Хаг: „Невин сум“

Поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства. За невини се изјаснија и неговите соучесници обвинети за истите дела - Кадри Весели, Јакуп Красничи и Реџеп Селими. Тачи се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година. „Го разбирам...

Почна хашкиот процес против Хашим Тачи

Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почна судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и уште тројца соучесници - команданти на поранешната ОВК. Тој застанува на обвинителна клупа пред Хашкиот трибунал за воени злосторства и злосторства против човештвото, прогон, убиства и тортура во војната во...

Апелација ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, кога делото на Мијалков веќе ќе биде застарено

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја одложи седницата за случајот „Титаник 2“ за на 13 април, шест дена откако застарува делото на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков. Со ова практично Мијалков повеќе не може да биде гонет за овој случај. На денешната седница присутни биле само адвокатите, Мијалков кој бил спроведен од затворот во Струга и Бедредин Ибраими кој...

Осум дена пред да му застари делото на Мијалков, Апелација ќе одлучува за „Титаник 2“

Само осум дена пред да му застари делото на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Апелацискиот суд закажа јавна седница за предметот „Титаник 2“. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден 30.03.2023 година во 11 часот...

Одложено судењето на Латас и Лазаров за случајот со спорниот поткаст

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска требаше да започне судењето против Драган Павловиќ – Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Откако Лазаров и Латас седнаа на обвинителна клупа, судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас истовремено била на друго судење и не можела...

Уште две рочишта до пресуда за пожарот во тетовската модуларна болница

Уште две рочишта треба да се одржат за да се донесе пресуда во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово. Ова беше истакнато денеска од страна на судот по завршувањето на десеттото рочиште, каде сведочеа четирворица сведоци - двајца експерти од Електротехничкиот факултет во Скопје и две медицински сестри, пишува Порталб.мк. Експертот Влатко Стоилков истакна дека анализирале дали...

Денеска започна судењето за „Империја“ против тројцата преостанати обвинети

Денеска започна судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Обвинети се Цветан Панделески, Јованчо Тасковски и Зоранчо Митровски. Тие се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност...

Марјан Стаменковски од „Доказ“ не чувствува вина, адвокатот очекува ослободителна пресуда

На денешното судење против сопственикот на веб-порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, а судењето се одвиваше зад затворени врати, без можност да присуствуваат новинарите, со цел да се заштити приватноста на жртвите. Текстовите кои беа објавувани на „Доказ“ содржеа обвинувања и навреди за двете новинарки, кои подоцна го пријавија Стаменковски за ширење...

Новинарките од „Фокус“ за случајот Стаменковски: Време е да се знае кои се новинари, а кои рекетари

Крајно време е да се знае кои се новинари, а кои се натрапници во професијата и рекетари, порачаа новинарките на „Фокус“ Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, по денешното рочиште против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, кој е обвинет за повеќе кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело...

Одложено првото рочиште за сопственикот на Доказ, судењето затворено за јавноста

Првото рочиште против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски денеска беше одложено откако неговите адвокати побараа да се изземе скопското обвинителство од постапување по предметот. Адвокатите побараа изземање на сите обвинители од скопското обвинителство, бидејќи тие можеле да се јават како оштетени во постапката. Одбраната на Стаменковски бара по случајот да постапува обвинителство од внатрешноста. За ова, одлука треба да...

Жан Митрев ангажирал нови адвокати, одложено првото рочиште за измама на пациенти

Поради промена на адвокатскиот тим на одбраната и потреба од негово докомплетирање, денеска се одложи првото рочиште за судењето на кардиохирургот и сопственик на приватна болница, Жан Митрев. Новото рочиште е закажано за 5 април. Митрев ангажирал нов адвокатски тим, кој бара време да се запознае со предметот, да се направи увид и да ја подготви одбраната. Тој беше присутен...

Поради судски пропуст одложен е новиот старт на судењето за „Таргет-Тврдина“

Иако беше најавено дека ќе се интензивира, сепак се одложи почеток на повтореното судење за случајот „Таргет-Тврдина“, поврзан со масовното прислушување. На судењето не се појави обвинетиот Тони Јакимовски, кој требаше да биде спроведен од Охрид каде е во домашен притвор за друг случај. По еден час чекање, било утврдено дека грешката е во судот, односно до Јакимовски била испратена...

На Драган Даравелски одново ќе му се суди

Основниот кривичен суд - Скопје одлучи да се повтори судската постапка за приведениот поранешен директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин „Табановце“ заради издржување затворска казна. Даравелски беше осуден во мај 2007 година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје...

Судењето против Жан Митрев закажано за 28 февруари

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека во целост го одобрил обвинението против лекарот Жан Митрев и неговата клиника, а првото рочиште е закажано за 28 февруари овој месец. Тие се товарат за измама на пациентите за вкупен износ од 97.461.600 денари, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. „Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи...

Сведоците од Модуларната болница во Тетово не можеле да ги најдат противпожарните апарати

На денешната судска седница за пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, сведочеа седуммина од сведоците предложени од Обвинителството, кои биле внатре во болницата каде што се случи пожарот ноќта на трагедијата, меѓу нив двајца лекари, медицинска сестра и четворица членови на семејството, пишува Порталб.мк. Според сведоците, трагедијата се случила за неколку минути и тие...

Сајберпанк играта „Ghostrunner“ до утре е бесплатна на „Epic Games“

Играта „Ghostrunner“ со сајберпанк тематика, паркур скокање и прекачување каде играте „уличен самурај” што користи надградена катана и кибернетски импланти, е достапна за бесплатно преземање од „Epic Games“ до...