fbpx

Новинарките од „Фокус“ за случајот Стаменковски: Време е да се знае кои се новинари, а кои рекетари

Очекувам правдата да биде задоволена, обвинетиот да се најде онаму каде му е местото и еднаш засекогаш да се знае кој е новинар, а кој е рекетар, рече Мулачка. Нејзината колешка Валентина Вурмо, пак, изјави дека поголеми очекувања има од вториот предмет кој се очекува да покаже кои биле нарачателите и посредниците, односно кои плаќале за да се објавуваат лажни текстови

-

Крајно време е да се знае кои се новинари, а кои се натрапници во професијата и рекетари, порачаа новинарките на „Фокус“ Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, по денешното рочиште против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, кој е обвинет за повеќе кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Во судницата денеска се појавија шестмина оштетени сведоци, меѓу кои и двете новинарки на „Фокус“.

„Очекувам правдата да биде задоволена, обвинетиот да се најде онаму каде му е местото и еднаш засекогаш да се знае кој е новинар, а кој е рекетар“, рече Мулачка по завршувањето на рочиштето.

Вурмо, пак, изјави дека бројот на оштетени ги надминува луѓето што денеска беа присутни во судот.

„Од предметот очекувам конечно да се издвоиме кои се професионални новинари, а кои натрапници во професијата. Поголеми очекувања имам од вториот предмет на обвинителството за Стаменковски, очекувам да покаже кои биле нарачателите и посредниците, односно кои плаќале за да се објавуваат лажни текстови и се надевам и тие да се најдат на обвинителна клупа“, изјави Вурмо.

Првото денешно рочиште против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, денеска беше одложено откако неговите адвокати побараа да се изземе скопското обвинителство од постапување по предметот.

Адвокатите побараа изземање на сите обвинители од скопското обвинителство, бидејќи тие можеле да се јават како оштетени во постапката. Одбраната на Стаменковски бара по случајот да постапува обвинителство од внатрешноста. За ова, одлука треба да донесе Вишото јавно обвинителство, па од тие причини рочиштето се одложи за во петок.

Обвинителката Зорица Павловиќ побара рочиштето да биде затворено за јавноста, бидејќи се работи за кривични дела против моралот и за да се заштити приватниот живот на оштетените, за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...