fbpx

Се прегледуваат околните камери и се разговара со очевидците, по синоќешното двојно убиство

Во текот на ноќта, на локација на патот кон Горно Оризари, било пронајдено опожарено возило „ауди“, а по насоки на јавниот обвинител, денеска увидни екипи на МВР вршат детален увид и преглед на локацијата

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издал повеќе наредби за да се расчисти синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа убиени, а едно рането, соопштуваат од Јавното обвинителство.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени. Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот“, велат од обвинителството.

Во текот на ноќта, била обезбедена уште една локација на патот кон Горно Оризари, каде што било пронајдено опожарено возило „ауди“. По насоки на јавниот обвинител, денеска увидни екипи на МВР вршат детален увид и преглед на локацијата.

Двете лица беа убиени вчера околу 20 часот, во угостителскиот објект „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија.

Неколку маскирани лица, според МВР, влегле во објектот и пукале кон Ј.К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница.

Пукањето во угостителскиот објект се случил пред голем број очевидци, а истрагата треба да открие дали станува збор за пресметка меѓу две криминални групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...