fbpx

Судењето за Мухамед Зеќири одложено оти не се појави сведокот

Минатиот месец, судењето против Зеќири почна од почеток. Овој процес подолг период беше во прекин, откако Основниот кривичен суд - Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот

-

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска во Основниот кривичен суд-Скопје беше одложено затоа што поради здравствени причини не се појави сведокот Горан Анастасиевиќ. Зеќири се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Следното рочиште е закажано за 6 јуни.

Минатиот месец, судењето против Зеќири почна од почеток. Овој процес подолг период беше во прекин, откако Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 училишта

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за...