fbpx

Хашим Тачи пред судот во Хаг: „Невин сум“

Поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства

-

Поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства. За невини се изјаснија и неговите соучесници обвинети за истите дела – Кадри Весели, Јакуп Красничи и Реџеп Селими.

Тачи се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година.

„Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин“, изјави Тачи на денешниот прв ден од судењето.

Во својата воведна изјава обвинителот Алекс Вајтинг изјави дека обвинетите несомнено се водачи на ОВК и дека ќе докажат дека одобрувале и спроведувале политики насочени против наводните соработници, за кои верувале дека соработувале со српските институции или оние кои не ја поддржувале ОВК.

Од обвинителството рекоа дека обвинетите се одговорни за стотици заробени лица и над 100 убиства на луѓе „кои ги сметале за нивни противници“.

Почна хашкиот процес против Хашим Тачи

Хашим Тачи застанува на обвинителна клупа пред Хашкиот трибунал за воени злосторства и злосторства против човештвото, прогон, убиства и тортура во војната во 1998-1999 година.

Обвинението против Хашим Тачи беше поднесено во ноември 2020 година, а и тогаш тој се изјасни дека е невин, по што поднесе оставка од претседателската функција.

Обвинителите, пак, тврдат дека Тачи, кој го носеше прекарот „Змија“ за време на војната, е одговорен за повеќе од 100 убиства од страна на ОВК, од егзекуции до смрт на малтретирани затвореници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...