На Драган Даравелски одново ќе му се суди

-

Основниот кривичен суд – Скопје одлучи да се повтори судската постапка за приведениот поранешен директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин „Табановце“ заради издржување затворска казна.

Даравелски беше осуден во мај 2007 година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје во март 2008 година.

На Даравелски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година за штети од над 2 милиони евра, му се судеше во отсуство. Токму тоа е наведено како причина за најновата судска одлука.

Од судот велат дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена, односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување. Судот постапувал по жалбата од одбраната на Даравелски.

Според Министерството за правда, апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1, К.бр.809/05 настапува на 26.03.2028 година.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...