fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

Национален форум „Време на предизвици“ во Струга

Невладината организација „Цивика мобилитас“ денеска во Струга организира национален форум под наслов „Време на предизвици“. Форумот има цел да ја подобри интеракцијата и да придонесе во соработката меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти, овозможувајќи простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и за подготовка на акции. Темата на носечката панел-дискусија на форумот е...

Карванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Струга

„Нашата цел е да ги охрабриме граѓаните да ја преземат одговорноста во свои раце, да излезат на претстојните избори и да го реализираат своето право на глас“, велат од акцијата „Ние одлучуваме!“. Жолтиот брендиран камион на граѓанската акција помина низ Старата струшка чаршија, додека на чаршискиот мост беше одржан краток перформанс. Беа испратени охрабрувачки и мотивирачки пораки до граѓаните и...

Градел хотел на диво, на земјиште на МПЦ

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево, за кого, според полицијата, постои основан сомнеж дека бесправно градел. Пријавениот, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во местото Еленско, во близина на хотелот „Макпетрол“ на струшкото крајбрежје. Се работи за доградба на 11 единични објекти, исто така бесправно почнати со градба во 1993 година....

Промоција на романот „Поклонение“ од Естонецот, Тијт Алексеев

Вечерва, од 20 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи промоција на романот „Поклонение“ од истакнатиот автор во естонската книжевност, Тијт Алексеев. Промотор на романот ќе биде Роберт Алаѓозовски, а гостин на вечерта е Елизабета Шелева. Алексеев за овој роман ја доби престижната награда за литература на ЕУ. Романот раскажува за светот на крстоносните витези, длабоко...

Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари...

Меѓународен „Фолклорен мост“ во Струга

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва од 20 часот ќе се одржи меѓународната манифестација „Фолклорен мост“. Традиционално манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците. На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од земјите на Балканот, како и фолклорни групи од Полска. Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните...

Куќите во Струга изгореа поради стара електрична инсталација

Причина за пожарот, во кој во петокот изгореа пет куќи во сокачето Нико Нестор во центарот на Струга, е стара електрична инсталација. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека по спроведената истрага и податоците од терен, првичните информации говорат дека пожарот настанал од дотраената инсталација во една од старите куќи. Штетата, додаде тој, дополнително ќе се утврдува. Командирот на Територијалната...

Репортажа и стихови на македонски поети во романското списание „Хелис“

Романското книжевно списание „Хелис“ во своето последно издание, ударно на насловната страница објавува репортажа со наслов „Хелис во Струга“, чиј автор е угледниот новинар Василе Јордаке. Јордаке, по повод 14 годишнината од постоењето на „Хелис“, отстапува поголем простор, за заложбите и придонесот на „Хелис“ во унапредувањето на романско-македонските врски и градењето на книжевните релации. Јордаке пишува за добитниците...

Од вечерва ќе протестирааат и стружани

Од вечерва, под паролата „Протестирам“, на улица првпат излегуваат и стружани. Почетокот на протестот е закажан за 18 часот, на тениското игралиште кај машката плажа. Организаторите ги повикаа на улица да излезат сите граѓани кои ги обединува барањето слобода и кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на претседателот Иванов. - Стружани, обединети, заедно Македонци и Албанци, и...

Политизација на религијата – воин на коњ на црковна богослужба и литија

Секоја година на 7 мај, во црквата „Свети Георгиј“ во Струга се одржува богослужба, а потоа и литија со светите мошти на светиот великомаченик Георгиј - Победоносец и со неговата чудотворна икона, чин кој стружани го нарекуваат уште и еордија. Традиционално, присуствуваат илјадници стружани, но и посетители од целата земја и од соседството. Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат...

Капацитетите во Охрид и во Струга, распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд

Капацитетите на двата крајезерски туристички центри, Охрид и Струга, речиси целосно се распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд. Резервациите се направени од голем број туристи како од земјата, така и од странство. Резервирани се повеќе од 90 проценти од хотелските капацитетите. Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе...

Вооружен и маскиран разбојник ограбил продавница среде Струга

Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта, според МВР, вооружен и маскиран влегол во продавница лоцирана на улицата Моша Пијаде во Струга, им се заканувал на вработените и им ја обил касата. Поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво, МВР му поднесе кривична пријава. Пријавениот, со капа на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон на вработените...

Вработен во Општина Струга определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот

Четириесет и осумгодишниот П.А. од струшкото село Заграчани, вработен во Општина Струга, вршел уплати, прераспоредувал други вработени и им определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот. Поради постоење основан сомнеж  дека фалсификувал исправа и употребил исправа со невистинита содржина, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување...

Во Струга обука од концептот „Општина по мерка на граѓаните“

Фондација „Отворено општество“ – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ денеска и утре во Струга организира обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на акциски планови“. Концептот е имплементиран во партнерство со Општина Струга. Обуката има цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за надзор на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови...

Охриѓанец починал во казино во Струга

Охриѓанец, на 54 години, чиј идентитет не се соопштува, починал во казино во Струга. Вработена во казиното, во полициската станица во Струга, пријавила дека мажот, играјќи на еден од апаратите, наеднаш паднал на подот во бесознание. Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што е констатирана смрт без траги на насилство. Од полицијата го потврдија...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села

Поради постоење основи за сомневање дека ги злоупотребил службената положба и овластувањето, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од струшкото село Ливада, Р.Х. (48) од Велешта, Ѓ.Д. (50) од Струга и В.Л.А. (60) од Скопје. Првопријавениот З.С., во својство на градоначалник на Општина Струга и одговорно лице во правно лице, во 2014 година издал паркиралиште за моторни возила во близина...

Струшкиот градоначалник го обвини владејачкото мнозинство за соработка со мафијата

Градоначалникот на Струга, Зиjадин Села, на прес-конференција изјави дека со донесувањето на предлог-законот за дополнување на законот за градежно земјиште, а кој се однесува на плажите, се штити урбаната мафија. Села ги обвини пратениците од владејачкото мнозинство и институциите за соработка со мафијата. - Имајќи предвид што предвидува, овој закон треба да гласи „закон за заштита на урбаната мафија“. Повеќе од...

Заев: Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер

Во обраќањето пред стружани, вчера, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека манипулациите што Груевски ги креира преку провладините медиуми го потврдуваат стравот дека е фатен во незаконски постапки за кои се одговара во согласност со законите. - Го гледаме Никола Груевски како манипулира, како подметнува, затоа што е фатен жив. Преку Министерството за внатрешни работи се правеле лажни лични карти, илјадници...

Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Во рамките на проектот „Мобилен парламент“, граѓанската асоцијација МОСТ, денеска во 18 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“. Проектот „Мобилен парламент“ е реализиран од граѓанската асоцијација МОСТ, а е поддржан од Европската унија (ЕУ), преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Целта е, како што соопштија...

Стружанец се удави пагајќи со своето возило во реката Црн Дрим

Невзат М. (48) од Струга го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17.10 часот се случи на Кеј 8 Ноември во Струга, во близина на реката Црн Дрим. Незгодата се случила во момент кога, сега починатиот, управувајќи со моторно возило марка „даеву нексија“ со струшки регистарски таблички, на кејот почнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...