fbpx

Политизација на религијата – воин на коњ на црковна богослужба и литија

-

Секоја година на 7 мај, во црквата „Свети Георгиј“ во Струга се одржува богослужба, а потоа и литија со светите мошти на светиот великомаченик Георгиј – Победоносец и со неговата чудотворна икона, чин кој стружани го нарекуваат уште и еордија.

Традиционално, присуствуваат илјадници стружани, но и посетители од целата земја и од соседството.
Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и во околината. Според свештениците, литијата е една прекрасна традиција, која постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите.

Вакви црковно-народни настани има во Русија, Украина и во Грција.

LitijaИнаку, иконата на свети Георгиј е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови. На иконата светецот е претставен во природна големина. Во десната рака, подигната во висина на главата, држи копје. Со левата рака придржува голем штит. Облечен е во панцирна кошула. На опачината од иконата со крупни букви е испишан текст на грчки јазик, во кој се споменуваат авторот, годината на сликањето и името на дарителот.

Иконата му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Св. Ѓорѓи“.

За жал, годинава се случи чиста и непримерна политизација на религијата, кога во литијата и црковна богослужба, со која чиноначелествуваше владиката Тимотеј, се најде и воин на коњ! Некој посакал тука да ја претстави македонската античка фаланга!?

– Гледајќи ги фреските на св.Ѓорѓија – Победоносец, никаде не сум забележал ваква облека на него. Ова е нешто врзано за политиката, а не за црковен настан. Како православен христијанин, се чувствувам вчудовиден од мешањето на политиката во годинешната литија – еордија, со презентирање на ваков воин на коњ што не содејствува со црковната историја и повеќе би прилегал пред вилата на Водно – вели, видно вознемирен, стружанецот Ламбе Милески, економист во пензија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...