fbpx

Куќите во Струга изгореа поради стара електрична инсталација

-

Причина за пожарот, во кој во петокот изгореа пет куќи во сокачето Нико Нестор во центарот на Струга, е стара електрична инсталација.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека по спроведената истрага и податоците од терен, првичните информации говорат дека пожарот настанал од дотраената инсталација во една од старите куќи. Штетата, додаде тој, дополнително ќе се утврдува.

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга, Минир Мамуди, тврди дека не постои опасност за повторно реактвирање на огнот и оти нивни екипи вршат патролни обиколки по барање на граѓаните.

– Нашата работа е успешно завршена. Доаѓат луѓе од населбата да ни заблагодарат за интервенцијата со која спречивме поголема катастрофа – изјави Мамуди.

Во пожарот целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живеел, а опожарени се покривните конструкции на уште две каде живеат луѓе, кои навреме биле изнесени надвор. Во гасењето учествуваа екипи на Територијалната пожарна единица во Струга, нивни колеги од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и локалното население. Гасењето одеше отежнато поради тесните улички и збиената архитектура, но и од несовесно паркираните автомобили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...