fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто одби предлог за решавање на проблемот во Струга

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, порача СДСМ во одговор на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата на власт беше обвинета за незаинтересираност и за неспособност за решавање на проблемот на стружани. „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој,...

Депонијата во Струга изгасната

Пожарот во депонијата во Струга попладнево е конечно изгаснат. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, за да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Работниците ноќеска работеле цела ноќ, при што еден работник изгубил свест поради труење од чадот.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека со неправилното постапување, се загрозува...

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги слуша барањата на стружани за итно затворање на депонијата

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, jа загрозуваат летната туристичка сезона, a револтот од граѓаните кон владата на СДС се зголемува, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори. Владата на СДС е...

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. - Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други граѓани што живеат во овој...

АХВ на Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно месо од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил на граничниот премин Ќафасан. Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, било уништено на депонијата во Струга. - Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект...

Охрид и Струга очекуваат десетици илјади гости за велигденските празници

Охрид и Струга за велигденските празници очекуваат најмалку десетина илјади туристи од земјата и од странство. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека побарувачката за Охрид никогаш не била поголема од годинава. Според него, велигденските празници ќе бидат првиот тест и најава за успешна летна туристичка сезона. Според христијанската православна традиција, велигденските јајца се вапсуваат во четврток, но локалната самоуправа...

„Американско културно попладне“ во Струга

Во организација на „Американско катче“ во Струга, во едукативниот центар „Бриџес“, денеска, во просторот на „Арт кафе“ во Струга, се одржува манифестацијата „Американско културно попладне“. Манифестацијата содржи отворање изложба на тема „Да се наслика Америка“, која се однесува на уметноста на САД. Музички перформанс во живо ќе изведат учениците од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга. Попладне ќе се...

Голем интерес за Охрид за велигденските празници

На десетина дена пред Велигден, повеќе од 60 отсто од хотелските капацитети во Охрид се резервирани, а не е помал интересот ни за сместување кај малите станоиздавачи. Охрид, традиционално, токму за Велигден го има првото големо „туристичко крштевање“ за таа година, а така ќе биде и годинава. Најголемиот број од најавените туристи се од Србија, Грција и од Бугарија. Од Албанија,...

Две струшки училишта добија средства за проекти за меѓуетничка интеграција

Основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Гоце Делчев“ од Струга, по доставена програма, добија средства од Министерството за образование и наука за проекти од областа на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието. Заради зајакнување и поддршка на активностите што придонесуваат за развој и за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието, МОН направи измени во Законот за основно образование и...

Иванов: Отсуството на НАТО и на ЕУ може да го загрози Балканот

„Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на Европската Унија и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот. Во последниов период слушаме реторика и гледаме постапки кои по многу нешта потсетуваат на периодот што мислевме дека е далеку зад нас – периодот на распадот на една заедничка поранешна држава“, рече претседателот Ѓорге Иванов на вечерашното обраќање во...

Не му дале две плати, па си ги „зел“

Млад стружанец револтиран што фирмата за брза пошта не му исплатила две плати, незаконски си зел вкупно 56.000 денари и поради тоа заработи кривична пријава за затајување. Струшката полиција го товари 24-годишниот Н.К., кој бил пријавен од неговиот претпоставен на 20 јануари годинава. Осомничениот во разговор со полицајците признал дека зел пари од пратка бидејќи бил револтиран од сопственикот што...

Иванов ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор во Струга

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и за почесните конзули во Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. На приемот, кој традиционално се приредува по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак. Во...

Жена загина во сообраќајка во струшко Враништа

Синоќа, на регионалниот пат Струга - Дебар, кој минува низ струшкото село Враништа, загина 53-годишна жена, жителка на селото. Во неа удрило 46-годишно лице од Подгорци, управувајќи патничко моторно возило „ауди а4“, со италијанска регистарски таблички. По незгодата возачот ја однел повредената во струшката Општа болница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на полициската...

Грипот се шири со поинтензивна динамика во Струга

Грипот и понатаму ги полни болниците и приватните ординации во Охрид и во Струга. Надлежните служби велат дека во Охрид бројката на заболени од грип се задржа на околу 260 лица, но дека во Струга се зголемува, каде досега се регистрирани 112 случаи со симптоми што наликуваат на грип. Од Центарот за јавно здравје во Струга велат дека бројката е многу поголема...

Новиот мост во Струга атракција за стружани и за туристите

Топлото време ги извади денеска стружани од нивните домови, а туристите од хотелите. Хотелите „Дрим“, „Белград“, „Макпетрол“ и другите беа закупени со поголемиот дел од капацитетите за продолжениот празничен новогодишен викенд. Покрај кафулињата на езерскиот брег и по должината на реката Црн Дрим, деновиве нова атракција е новиот дрвен мост, што стружани како подарок го добија непосредно пред дочекот на...

Запалена палма пред зградата на Општина Струга

Несовесни граѓани вторпат запалија палма во Струга. И овојпат тоа се случи во строгиот центар на градот, но сега дури пред зградата на Општина Струга. – Навремената реакција од страна на ТПЕ Струга го спречи ширењето на огнот. Не е првпат да се случува ваков вандалски чин и тоа мора да се осуди - реагираа од Општина Струга. Истовремено упатија апел до...

Општината Бујукчекмеџе од Турција финансира изградба на училиште во Струга

Општина Струга почна да го гради новиот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“, зафат што целосно го финансира општината Бујукчекмеџе, од Република Турција. Камен-темелникот го поставија градоначалниците Зијадин Села и Хасан Акгун. Вкупната површина на објектот изнесува 1.300 квадратни метри покриен простор. Современиот објект ќе располага со 13 училници, пет административни канцеларии и една сала за состаноци. Идното училиште ќе го носи името...

Неовластено поседувал автоматска пушка и 200 парчиња муниција

Полициската станица oд Струга му поднесе кривична пријава на Р.Ш.(47) од струшкото село Лабуништа, кого го товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Пријавениот, пред три месеци, за сума од 300 евра, неовластено набавил огнено оружје, автоматска пушка „АК-47“ и двеста парчиња муниција - калибар 7,62 милиметри. Пронајденото огнено оружје и целокупната муниција се одземени и...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...