fbpx

Запалена палма пред зградата на Општина Струга

-

Несовесни граѓани вторпат запалија палма во Струга. И овојпат тоа се случи во строгиот центар на градот, но сега дури пред зградата на Општина Струга.

– Навремената реакција од страна на ТПЕ Струга го спречи ширењето на огнот. Не е првпат да се случува ваков вандалски чин и тоа мора да се осуди – реагираа од Општина Струга.

Истовремено упатија апел до сите граѓани да ја зголемат свеста за општественото богатство и да ги пријавуваат ваквите случаи до инспекциските служби или до локалната полиција.

Пред само една недела беше запалена палма на кејот „Македонија“ во Охрид, што, исто така, не е прв случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...