fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

Мета: Албанците и Македонците заедно да најдат решение со Грција

Албанците и Македонците заеднички да го решат прашањето за името со Грција, побара албанскиот претседател Илир Мета по денешната посета на Струга и средбата со градоначалникот Рамиз Мерко, јави Алсат-М. Мета потенцира дека е оптимист дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел. -Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се...

Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во Кичево привело три лица од Скопје и запленило 91 килограм марихуана. Против тројцата, како и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави. Како што објасни портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, марихуаната била набавена во Албанија, а требало со автомобил да биде транспортирана до Скопје....

Во Битола првите новороденчиња се машки близначиња, во Куманово и Струга момчиња

Во Битола ноќеска точно на полноќ се родиле две машки близначиња, и тие се првите бебиња родени во новата година. Како што информираат од Клиничкиот центар – Битола, по нив на свет биле донесени уште 10 новороденчиња. Четири бебиња се родиле на првиот ден од новата 2018 година во Куманово, а првото е машко, родено 45 минути по полноќ на...

Заев вети владина помош на општините за враќање на долговите

Премиерот Зоран Заев најави план за помош на општините во справувањето со долговите кои надминуваат 200 милиони евра, упатувајќи порака до градоначалниците да се воздржат од политизација на администрацијата и да применат креативност во надминувањето на предизвиците. - Може ќе заминете од функцијата посиромашни, но ќе бидете посреќни - рече Заев на Националниот форум за градоначалници, кој се одржува денеска и вчера...

Пронајдени 60 килограми марихуана покрај реката Сатеска

Дури 60 килограми марихуана во пакувања од околу еден килограм биле пронајдени вчеравечер крај мостот на реката Сатеска, на стариот пат Охрид - Струга, извести СВР Охрид. Дрогата била пронајдена околу 21 часот вчера, во 59 пакувања, ставени во пет торби. Покрај нив имало и едно пакување кафена прашката материја, која заедно со марихуаната, е испратена за вештачење во Министерството за...

Водата во Струга забранета за пиење

Забранета за пиење е водата од градскиот водовод во Струга поради зголемено заматување, зголемени вредности на боја и отсуство на резидуален хлор. Според надлежните, дополнителното хлорирање нема да ја промени ваквата состобја на водата, туку треба чистење на мрежата и испуштање вода од хидрантите. Водата редовно ќе се анализира и во следните денови.

Села не ги признава резултатите од изборите, го обвини Заев за поразот во Струга

Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села, изјави дека не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори бидејќи, според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев побара одговор за резултатите во Струга, кои се во...

Села: Ова беа криминални избори со закани и со поткуп

Кандидатот за градоначалник на општина Струга од Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обвини дека овие избори биле криминални и дека на повеќе места во Струга имало закани, уцени и купување гласови, кои се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови. Тој ги повика институциите на системот да профунционираат, давајќи им и точна локација каде се случувал изборниот криминал. -...

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Мајстор загинал откако го удрила струја од далновод

Мајстор кој работел во Струга вчера трагично го загубил животот откако добил струен удар од далновод додека работел на куќа. Како што соопшти СВР Охрид, вчера, околу 11.30 часот, во Струга на улицата Едвард Кардељ, Г.М. (44) од Охрид, неговиот брат А.М. и М.П., како вработени во „АМГ Дизајн 2013“, местеле олуци на куќа и во еде момент Г.М. со...

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Спасовски за убиство во Струга

Наместо во екот на сезоната Струга да брои туристи, ние броиме престрелки, жртви, инциденти и колку пати над дозволеното депонијата го загадува воздухот, обвини денеска Дејан Пауноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга. - Власта, и локална и централна, се директно одговорни за хаосот што го гледаме од ден на ден во Струга. Вчера среде бел ден беше убиено едно...

Јавно обвинителство подигнало траги од местото на убиството на Лека

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од Полициската станица во Струга извршиле увид на местото на убиството на Дилавер Бојку – Леку. Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга, соопштуваат од Јавното обвинителство. Од местото се подигнати...

Дилавер Бојку – Леку убиен на плажа во Струга

Контроверзниот струшки бизнисмен Дилавер Бојку - Леку денеска попладне е застрелан на плажата „Аква скај“, потврдија за „Мета“ извори од истрагата. Непознато лице во 16.45 часот денеска го застрелало Бојку во главата, по што избегал. Бизнисменот веднаш е пренесен во струшката болница, но, според информациите, тој им подлегнал на повредите. Од МВР засега нема официјална потврда на настанот, а во тек...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за Садула Дураку

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска поднесоа интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Тоа е петтиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. За интерпелацијата на Дураку, пратениците како причина го наведуваат тоа што тој е „виновен за крајната негрижа и неодговорност за животната средина“. На товар...

Владата побарала поголем ангажман од институциите за справување со пожарите

Владата на Реублика Македонија синоќа на 18. седница расправала за повеќе точки, меѓу кои и ситуацијата со пожарот во Требовље, како и за проблемот со струшката депонија, соопшти владината служба за информирање. Како итна вонредна точка на дневниот ред на седницата, со која претседавал премиерот Зоран Заев, се нашла информацијата за пожарот во Требовље, во општина Македонски Брод, како и...

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот, донесе одлука за струшката депонија

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии. Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските...

Труење или стомачен вирус испрати гости на струшки хотел в болница

Гостин на хотелот „Изгрев“ на струшкото крајбрежје се пожали на „Мета“ дека попладнето во саботата, откако претходно појадувале во хотелот, тој и неговото семејство почнале да чувствуваат мачнина, а потоа почнале и да повраќаат, поради што побарале лекарска помош во Општата болница во Струга, каде разбрале дека имало и други туристи од хотелот „Изгрев“ со исти симптоми. Гостинот се...

Земјотрес од 4 степени го затресе Охридско

Земјотрес со магнитуда од 4 степени според европската макросеизмичка скала е регистриран од сеизмолошката станица во Охрид, се дознава од извештајот на Евро-медитеранскиот сезимолошки центар. Земјотресот во 11.12 часот се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил на 10 километри североисточно од Охрид.

ЛДП: Од ветените 72 милиони евра, во Дрисла не е вложено ниту евро

По неколкуте реакции и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Зоран Шапуриќ за непреземање мерки за струшката депонија, неговата партија, ЛДП, денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не преземала речиси ништо за единствената депонија во Македонија, скопска Дрисла, која, како што вели, исполнува мал дел од стандардите, и не ги реализирала ветувањата за инвестирање во неа. „Во Македонија постојат 54 депонии од кои,...

ВМРО-ДПМНЕ: Гаснењето на депонијата нема да го реши проблемот на Струга

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговите коалициски партнери дека го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина, дозволувајќи 10 дена граѓаните на Струга да го дишат штетниот воздух. „Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...