fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Започна реконструкцијата на Мостот на поезијата во Струга

Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга - Мостот на поезијата, каде што секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата и од каде произлегува и самото име на мостот. Реконструкцијата на овој мост на реката Црн Дрим е многу важна, не само поради фактот што служи како клучна точка за поврзување на писателите ширум светот, но...

Анализа: Ревизија во општина Струга – сметката блокирана од 2010 та година!

Блокирана сметка, зголемување на финансиски обврски, судски процеси – серија на пропусти, недоследности и постапувања спротивно на позитивната законска регулатива открива државната ревизија во работењето на општина Струга во 2018 година. Наодите од ревизорските извештаи за Струга се однесуваат на период во кој на чело на општината е градоначалникот Рамиз Мерко, пишува во анализата на „Порталб.мк“. “Финансиските извештаи не...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

Планот за управување со наследството на Охридскиот регион од утре на јавен увид

Нацрт - планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион во текот на наредните 60 дена ќе биде ставен на увид на јавноста, информираше на денешната прес-конференција министерот без ресор, Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од спроведувањето на препораките на УНЕСКО и со него се дефинира строгата заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее...

Фронт 21/42: Препораките на УНЕСКО се далеку од исполнети во Охрид

Еколозите критикуваат дека на четири месеци пред истекувањето на крајниот рок, препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион се далеку од исполнети. Од „Фронт 21/42“ посочуваат дека нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување за нивното исполнување, бидејќи клучниот Закон за Охридскиот регион не е усвоен од Собранието. Од оваа здружение на граѓани потсетуваат дека не е изработена Стратешката...

Државата нема да ги преземе ингеренциите за урбанизмот од Општина Струга

Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко сè уште чекаат одговор од Министерството за транспорт и врски на писмото со кое Општината бара Министерството да ги преземе ингеренциите во областа на урбанизмот и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО. Од кабинетот на Мерко потврдија дека одговор нема, што го толкуваат како неодобрување на барањето. Деновиве при една од теренските посети на патиштата...

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше...

Ако се слуша УНЕСКО, најмалку една година ќе треба за препроектирање на пругата од Струга кон Албанија

Препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија на Коридорот 8 би чинело од 3 - 5% од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите ќе им требаат барем една година за да ја изработат алтернативната рута по препораката што ја дава УНЕСКО. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ нагласува дека ќе требаат и време и финансии...

Наскоро нов концесионер на Охридско Езеро, екологистите се надеваат на спас на пастрмката

Струшка фирма во следните шест години ќе биде концесионер за стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за...

Педалинките ова лето ќе пловат во Охридското Езеро кај Струга

Советниците на 24 тата седница на Советот на општина Струга гласаа против предлог-одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од Охридското Езеро. Општината планираше да забрани паркирање и издавање на педалинки за време на летната сезона. Но мнозинството од градските избраници оценија дека таквата одлука ќе им го намали приходот на голем број семејства, кои значаен дел од средствата...

На три од десетте најфреквентни патни правци во Македонија нема автопат (инфографик)

И покрај тоа што се вложуваат стотици милиони евра во изградба на патната инфраструктура, македонските граѓани ја немаат можноста да патуваат по автопат или експресен пат на најфреквентните правци. Државата моментално гради два автопати (Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип) и четири експресни патишта (Ранковце - Крива Паланка, Градско - Прилеп, Штип - Кочани и Штип - Радовиш),...

И пругата и автопатот кон Албанија причини за „голема загриженост“ на УНЕСКО за Охрид

Трасите на двата клучни инфраструктурни проекти за пругата кон Албанија и за автопатот Требеништа - Охрид значајно придонеле за давање на препораката од УНЕСКО за впишување на Охрид на листата на загрозено светско наследство. Изготвениот извештај треба да биде разгледан на 43. Сесија на Комитетот за светско културно наследство што ќе се одржи кон крајот на јуни во Баку,...

Државата ја презеде грижата за колекторот на Охридско Езеро

Владата на вчерашната седница донесе одлука да ја преземе грижата за колекторскиот систем на Охридското Езеро, ставајќи со тоа крај на маките со меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое беше нефункционално и создаваше загуби и не се грижеше за колекторот на загадени и отпадни води. Со одлуката за формирање Јавно претпријатие „Колекторски систем“, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно...

Водата во Струга е небезбедна за пиење

Водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на истата, не е безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид. Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на Општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените...

Во Битола промоција на фестивалите АКТО и Бош

Во Мезе бар „Јагода“ во Битола, со почеток во 21.30 часот вечерва ќе се одржи забава под наслов „Собиранка“, на која АКТО Фестивалот за современи уметности, Бош Фестивал, ДримON и „Прво па женско“ ќе ги промовираат своите активности, со фокус на претстоечките изданија на Бош и АКТО. „Идејата на оваа забава е да обедини на едно место фестивали кои во...

Возач на скутер удрил во пливач во Охридско Езеро и избегал

Пливач вчера попладнето бил удрен од воден скутер во Охридско Езеро кај населбата Езерски лозја и бил повреден, а човекот што управувал со скутерот избегал без да му укаже помош. Како што соопшти СВР Охрид, полицијата во Струга трага по човекот што го управувал скутерот што го повредил 50-годишниот Р.Д. од струшкото село Ливада. Тој пливал на 500 метри од...

Електропреносните систем-оператори ќе формираат едeн пазар за струја на ЈИЕ

Единствен пазар на електрична енергија во земјите од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и негова интеграција во Пан-европскиот пазар на електрична енергија е заедничката цел на компаниите преносни систем-оператори од девет држави учесници на Форумот под мотото „Границите да станат мостови“, што во организација на МЕПСО денеска се одржува во Охрид. Форумот на преносни систем-оператори под мотото „Границите да станат...

Манчевски: Владата сака независна МРТ и професионални регулаторни тела

Владата се залага за создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Наша цел е МРТ да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела да бидат транспарентни, професионални и компетентни. Особено е важно во регулаторните тела и националниот радиодифузер да не членуваат високи партиски функционери, поранешни пратеници, кандидати за градоначалници и роднини на партиски функционери,...

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...