fbpx

Педалинките ова лето ќе пловат во Охридското Езеро кај Струга

-

Советниците на 24 тата седница на Советот на општина Струга гласаа против предлог-одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од Охридското Езеро.

Општината планираше да забрани паркирање и издавање на педалинки за време на летната сезона. Но мнозинството од градските избраници оценија дека таквата одлука ќе им го намали приходот на голем број семејства, кои значаен дел од средствата за егзистенција ги обезбедуваат преку изнајмување на овие реквизити за забава на вода.

Градоначалникот Рамиз Мерко, порача дека и без одллука на советот, Општина Струга преку инспекциските служби ќе најде начин да ги забрани педалинките.

Минатата туристичка сезона триесеттина изнајмувачи на педалинки протестираа против тогашната одлука на општината да не им дозволи да работат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...