fbpx

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

-

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други граѓани што живеат во овој град и токму затоа апелираме наместо мнозинството да се обидува да му дава политичка конотација на проблемот, да седнеме сите заедно, без меѓусебни обвинувања, да го решиме овој голем проблем за стружани и за Струшко. Ние, како пратеници, побаравме од пратеникот Талат Џафери во најкраток можен рок да закаже итна седница на Собранието, бидејќи е очигледно дека ниту една институција не презема никакви мерки за овој проблем кој секојдневно станува сè поопасен – вели Илиоски.

Илиоски тврди дека Џафери се обидел да се изземе од одговорност по барањето и на крајно недемократски начин се обидел да ја затвори темата и не дозволувал процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сакаме да ѝ дадеме на знаење на целата јавност дека никој во Собранието на Република Македонија нема право да му одземе право на говор на ниту еден пратеник. Апелираме до пратеникот Талат Џафери да не ја узурпира и да не ја злоупотребува позицијата на која нелегално е поставен и да го гарантира правото на говор на секој пратеник – додава Илиоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...