сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоран Илиоски | 16 резултати

Продолжи блокадата во Собранието со серија прекини, барања за паузи и за извинувања

јули 6, 2017

Шестата собраниска седница, на која како петта точка на дневниот ред треба да се расправа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина во 16.20 часот, откако пратеникот Димитар Стевананџија, претставувајќи се како координатор на една од десетте пратенички групи, побара пауза од 60 минути, […]

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа блокадата на Собранието

јули 6, 2017

Попладневната сесија на шестата седница на Собранието на Република беше прекината по само две минути од почетокот. Зоран Илиоски, како „координатор на третата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, побара половина час пауза и стенограми од претходната дискусија и видеозапис. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му укажа дека не се меша во правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ […]

МАНУ: Загрижува што наши политички партии се „прилепуваат“ на провокации од Бугарија

јули 6, 2017

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги оцени како неточни и крајно тенденциозни тврдењата на Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј на Бугарија. Смета дека неговите антимакедонски ставови им се добро познати на МАНУ и на пошироката македонска јавност и не заслужуваат посебен коментар. Божидар Димитров во емисија на бугарската телевизија БТВ, „Ова […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ние не сме Срби ниту Бугари, престанете со негаторскиот однос

јуни 22, 2017

„Престанете со негаторскиот однос кон Македонија. Престанете да нè навредувате. Ние не сме ниту Срби, ниту србомани, а уште помалку антибугари. Ние сме Македонци. Престанете сите кои се чувствуваат како Македонци да ги нарекувате Срби или србомани или да ги обележувате како непријатели на Бугарија“, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ, преку две прес-конференции на пратениците Крсто Јовановски […]

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

јуни 15, 2017

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. – Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други […]

Илиоски: На Заев му пречи фактот дека ОЈО не потклекнуваше на политички притисоци

јуни 14, 2017

„СДС веднаш почна со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот. Со ваквата стратегија Заев се надева дека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себеси и другите од раководството од одговорност за криминалот и вториот, да инсталира партиски послушници кои беспоговорно ќе ги следат неговите нарачки за спроведување […]

Илиоски: Заев врши притисок и го заплашува обвинителството

јуни 7, 2017

Зоран Заев со првата изјава како премиер изврши еклатантен притисок и заплашување на обвинителството, барајќи неговиот прв човек да си даде оставка, обвини Зоран Илиоски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. – Зоран Заев еднаш беше аболиран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а вторпат награден од Катица Јанева со […]

СДСМ: Нелегални се блокадите и насилството, а не изборот на Џафери

мај 10, 2017

„Новиот претседател на Собранието е избран легално и легитимно според Уставот, законите и деловникот. Според Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска влада“, порача СДСМ во одговор на денешната прес-конференција на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. Илиоски обвини дека СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избрале Талат Џафери за претседател на Собранието и […]

Илиоски: Со изборот на Џафери, СДСМ ги погази Уставот и волјата на народот

мај 10, 2017

СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избраа Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието и покажаа дека се подготвени да ги погазат и Уставот и волјата на народот за да ги платат политичките фактури од албанските партии и да ја реализираат албанската платформа, обвини денеска на партиска прес-конференција Зоран Илиоски, пратеник и член на извршниот […]

Вељаноски го прекина петтото продолжение, СДСМ повика на подобра Македонија без Груевски

март 31, 2017

Претседавачот на конститутивната седница на новиот собраниски состав, Трајко Вељаноски, во 17.05 часот го прекина петтото продолжение на оваа седница, кое мина во знакот на голем број процедурални забелешки, со многу малку кажано за членовите на Комисијата за прашања на изборите и за именувањата, и продолжението го закажа за понеделник во 11 часот. На прекинот […]

Груевски: Граѓаните не сакаат премиер криминалец и митаџија

декември 1, 2016

Митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во Битола вечерва наликуваше на митинг на партија која долго време е во опозиција, присеќавајќи се на последиците од владеењето на СДСМ и ветувајќи што сè ќе направат за државата и за Битола ако победат на 11 декември. Така, кандидатите за пратеници од Битола во […]

Началникот на СВР Битола си ја вработи сопругата во ресенската полиција и отвoра нови 26 места

септември 1, 2016

Началникот на СВР Битола, Методија Атанасовски, си ја вработил сопругата Марјана како негова колешка – во службите на полицијата во Ресен. Вчера СВР Битола отвори нови 26 работни места, кои ќе бидат пополнети без оглас. – СВР не вработува, обратете се во МВР, тие склучуваат договори за вработување – вели портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, тврдејќи […]

Страна 1 од 1