fbpx

Карванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Струга

-

„Нашата цел е да ги охрабриме граѓаните да ја преземат одговорноста во свои раце, да излезат на претстојните избори и да го реализираат своето право на глас“, велат од акцијата „Ние одлучуваме!“.

Жолтиот брендиран камион на граѓанската акција помина низ Старата струшка чаршија, додека на чаршискиот мост беше одржан краток перформанс. Беа испратени охрабрувачки и мотивирачки пораки до граѓаните и беа делени летоци со пораките „Ние одлучуваме!“ и „Можеме подобро!“. Пораките „Струга одлучува“ и „Струга не е мала“ беа истакнати на македонски и на албански јазик од активистите вклучени во карванот.

Во текот на акцијата, стружани говореа за проблемите со кои тие се соочуваат, како што се големата невработеност и масовното иселување на младите луѓе во странство, непочитувањето на урбанистичките правила, тешкиот еколошки проблем кој го предизвикува „привремената“ струшка депонија која се наоѓа веднаш на влезот од градот. Како што велат жителите на Струга, освен што неповратно го загадува и го уништува плодното струшко поле, повремено потпалување на депонијата го загадува и воздухот.

Проблем е и снабдувањето со чиста и питка вода, како и справувањето со отпадните води. Јавното претпријатие „Проаква“ долги години е во огромна финансиска загуба, а во 2015 година финансискиот минус надинал 900.000 евра.

Стружани често остануваат без вода поради исклучување на струјата на водоводните пумпи, а се случило и да добијат нехлорирана вода загадена со ешерихија коли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...