fbpx

Од вечерва ќе протестирааат и стружани

-

Од вечерва, под паролата „Протестирам“, на улица првпат излегуваат и стружани. Почетокот на протестот е закажан за 18 часот, на тениското игралиште кај машката плажа.

Организаторите ги повикаа на улица да излезат сите граѓани кои ги обединува барањето слобода и кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на претседателот Иванов.

– Стружани, обединети, заедно Македонци и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други, утре ќе протестираат против криминалот кој не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација – се вели во повикот на организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.