fbpx

Дамите од СЈО се позитивен пример за жени кои имаат реална моќ за промени

-

Дамите од Специјалното јавно обвинителство се класичен пример дека жените со својот интелект, но и сензибилитет, можат да играат активна улога во промената на едно општество. Ова беше заклучокот од дебатата што се одржа во Тетово со наслов „Жените во општествените и во политичките промени – Дали ни се потребни хероини“.

– Жената во изминатиот период во Македонија е деградирана, освен ако за пример го земеме експлицитното појавување на дамите од Специјалното јавно обвинителство. Тие воспоставија една парадигма како треба да изгледа новото општество. Мислам дека дамите од СЈО пратија една јасна и храбра порака – рече Искра Гешовска од Здружението „Контрапункт“.

Гешовска додаде дека за да учествува жената реално во општествените и во политички промени, потребно е целото општество да се еманципира.

Дел од учесниците сметаат дека во Македонија постојат хероини во сите сфери на општественото живеење и дејствување, но дека постојат и антихерои и антихероини, кои не дозволуваат жената да ги има главниот збор во одлучувањето во овој систем.

– Имаме жени кои се подготвени да ја работат својата работа, но тие немаат поддршка од институциите и имаат пречки од жени кои работат во самите институции, кои треба, напротив, да ги поддржат – изјави Беса Арифи, учесник на дебатата.

Учесниците на дебатата истакнаа дека за правична родова распределбата на функциите, покрај законите што пружаат гаранција за еднаква застапеност на жената во рамки на институциите, потребна е поголема волја кај луѓето што раководат со локалната и со централната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...