fbpx

Капацитетите во Охрид и во Струга, распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд

-

Капацитетите на двата крајезерски туристички центри, Охрид и Струга, речиси целосно се распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд.

Резервациите се направени од голем број туристи како од земјата, така и од странство. Резервирани се повеќе од 90 проценти од хотелските капацитетите.

Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла.

По традиција, најбројни ќе бидат гостите од соседството, од Србија, Бугарија, Грција, но и од Турција и од Албанија.

Гостите од Западна Европа се очекува да пристигнат непосредно по празниците, со првата најава за пристигнување на првата група холандски туристи на 3 мај.

Од втората половина на мај се очекува поголем бран гости од Данска, Полска, Романија, Труција, Израел и од Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...