fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

СЈО подготвува одговор на жалбата на Додевски за притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му биде одредена мерка притвор, велат за „Мета“ од СЈО. Оттаму информираат дека денеска ја добиле жалбата на одбраната на Кочан и дека во рок од 24 часа ќе поднесат одговор на...

ВМРО-ДПМНЕ: Oтсуството на Груевски не е причина за одлагање на рочиштето за „Шамари“

Денешното судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година не било одложено заради отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, (еден од 14. обвинети во случајот, н.з.), туку заради немање „основни процесни претпоставки за негово одржување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос се уште еден обид за манипулација на...

Груевски, СЈО и Михајлова денеска на ново рочиште за „Шамари“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а во кој меѓу обвинетите е и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Главната расправа по предметот сè уште не е почната, а досега се одржаа...

Судот му одреди притвор и издаде потерница по Сеад Кочан

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство и му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, потврдија за „Мета“ од судот. Од судот велат дека е издадена и потерница по Кочан. Кривичниот совет на судот го прифатил образложението на жалбата на СЈО, односно дека ако...

Аневски: Јанева и Фетаи го навредиле судот, СЈО да назначи нов обвинител за „Шамари“

Советот на јавни обвинители вчера на состанок ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова, и донел заклучок дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, го прекршиле етичкиот кодекс на последното судско рочиште за настаните пред Општина Центар од јуни 2013 година. Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на...

Која е судијката Татјана „2.000 евра казна за Јанева и за Фетаи“ Михајлова?

Судијката Татјана Михајлова вчера си поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на најголемиот и најважниот суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Причините за ненадејната одлука на Михајлова сè уште не се познати, иако една од шпекулациите е дека тоа го сторила затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша. Молчи и претседателот на Судскиот...

Судството, СЈО, НВО, МВР, бизнис-секторот билe мета на власта според Стејт департментот

Неуспехот од воспоставувањее на независен и непристрасен судски систем, мешањето на власта во судството, опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство, притисокот и заплашувањето на невладиниот сектор, влијанието на владејачката коалиција во приватниот бизнис и загрозувањето на слободата на говорот во медиумите се дел од забелешките нотирани, во добар дел и детално, во најновниот извештај на американскиот Стејт департмент...

СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска поднело жалба на решението на судијата на претходна постапка со која го отфрли барањето на СЈО да му биде определен притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, соопштија попладнево од канцеларијата на Катица Јанева. Според Законот за кривична постапка, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да одлучи по...

Нема притвор за Кочан, за Авировиќ мерки за претпазливост

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, ќе се брани од слобода. Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство на Кочан да му биде одредена мерка притвор. На осомничениот Василије Авировиќ, пак, наместо притвор, како што побара СЈО, судот му одредил мерки за претпазливост. - Во однос на лицето С.К., по...

Панчевски ќе добие поголема плата, на прераспоредените ќе им останат исти

На судиите од Основниот суд Скопје, кои со новиот годишен распоред што го донесе в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, се прераспоредени од кривичното во прекршочното одделение, нема да им бидат намалени платите. На прашање на „Мета“ дали има разлики во висината на платите на судиите во овие одделенија, од Основниот суд Скопје 1 ни одговорија дека „платата на судиите...

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на СВР Охрид. „Пред две недели добив...

Осомничените во „Труст“ писмено ќе се канат да дојдат на распит за притворот

Барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на двајца од тројцата осомничени во новата истрага „Труст“ вчера стигнале во Кривичниот суд во Скопје, но засега нема информации кога тие ќе се појават на распит пред судија на претходна постапка. Според членот 294 од Законот за кривична постапка (ЗКП) „судијата на претходната постапка е должен без одлагање“ да го разгледа...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев е во паника, СЈО се активира со фабрикувани случаи

Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше објавено отворањето на новата истрага „Труст“. Од партијата велат дека лидерот на СДСМ е исплашен оти знае дека нема да помине реализацијата на платформата од Тирана и затоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева излегува на прес-конференција, за да...

СЈО отвори случај „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори нова истражна постапка „Труст“, од која, како што соопшти на прес-конференција јавната обвинителка Фатиме Фетаи, може да се види „до каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендер“. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани...

СЈО бара да има член во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара измени на Законот за Академијата на судии и јавни обвинители, со кои на СЈО ќе му биде овозможено да има член во управниот одбор на Академијата и да учествува во носењето одлуки. Од СЈО до Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера испратиле допис со барањата за законски измени. Во дописот од СЈО се...

Кривичен суд: СЈО продолжува со притисоците и со заканите кон судиите

Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани кон судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми, стои во реакцијата на Кривичниот суд. Од судот велат дека јавноста имала можност да се запознае со...

ВМРО-ДПМНЕ до Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членството се вознемирени

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот 'победникот со победникот', затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но...

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски. - Правната инфериорност и немањето докази...

Јанева и Фетаи казнeти по 2.000 евра оти судијката Михајлова ја нарекоа „фалсификатор“

Судијката Татјана Михајлова денеска го прекина судското рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој се обвинетите поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и уште 15 лица, и ги казни по 2.000 евра обвинителките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева и Фатиме Фетаи за „елементарно непочитување на судот“. Обвинителката Фетаи, откако...

„Амнести интернешнел“: СЈО продолжува да се соочува со притисоци

Специјалното јавно обвинителство кое беше назначено од Собранието во 2015 година да ја истражи вмешаноста на функционери во скандалот со прислушувањето и вмешаноста на политичари во криминал, продолжува да се соочува со притисоци во извршувањето на својата работа, стои во Извештајот на „Амнести интернешенел“ за состојбите со човековите права за 2016/2017 година. - Во октомври (минатата година, н.з.) транзициониот парламент, го...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...