fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Oтсуството на Груевски не е причина за одлагање на рочиштето за „Шамари“

-

Денешното судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година не било одложено заради отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, (еден од 14. обвинети во случајот, н.з.), туку заради немање „основни процесни претпоставки за негово одржување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос се уште еден обид за манипулација на граѓаните со кои се обидуваат да претстават дека Никола Груевски е ист како аболираниот криминалец Зоран Заев, кој не го признаваше судот и сè уште наоѓа разни изговори за да ги избегне судските рочишта и одговорноста за барање поткуп. Вистината е дека денешното судско рочиште се одложи поради тоа што во списите од предметот не постои одлука по барањето на судот за смена на обвинителките кои недолично се однесуваа и го омаловажуваа и го навредуваа судот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Одбраната на Груевски и на дел од другите обвинети вчера при увидот во списите од предметот видела дека во нив постои запис со кој судот побарал од Советот за јавни обвинители да се определат други обвинители што би го застапувале обвинението.

Поради тоа адвокатите ги известиле клиентите дека судењето нема да се одржи бидејќи не се исполнети „процесните претпоставки за одржување на рочиштето“ и дека нема потреба да доаѓаат на рочиштето.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и другите опфатени со политички монтираниот предмет на СЈО, нарачан директно од Бихаќка, се подготвени како и досега редовно да се одзиваат на судските покани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...